петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Слави Трифонов | 13 резултати

Партијата на Слави Трифонов излегува од бугарската влада поради „Македонија и банкротот“

8 јуни 2022

По отприлика половина година на затегнати односи, се распадна владината коалиција во Бугарија. Шоуменот Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“ во видеообраќање соопшти дека ги повлекува министрите од партијата од владата и излегува од неа, јави Бугарското национално радио (БНР). Потегот на Трифонов уследи по долгите несогласувања во коалицијата, во која за разлика од […]

Контраспин: Трифонов спинува – Бугарите во С. Македонија без страв ја истакнуваа својата етничка припадност на пописот

30 март 2022

Со вадењето бугарски пасош, преку релативно лесниот начин да се стигне до него, беше отворена врата за македонските граѓани да имаат слободен влез и можност за работа во ЕУ. За ова се пишува и зборува со години, притиснати од економската криза, со надеж дека ќе обезбедат работа или школување во Европа, многумина изминатава деценија посегнуваат […]

Партијата на шоуменот Слави Трифонов нема да достави предлог за нова влада на Бугарија

10 август 2021

Откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, која се смета за победник на вонредните парламентарни избори на 11 јули со освоени 65 пратенички места во 240-члениот парламент на Бугарија, соопшти дека нема да формира влада, се поизгледно е дека Бугарија ќе оди на нови парламентарни избори. Во телевизиско обраќање денеска, Трифонов соопшти […]

Бугарија полека оди кон нови избори – Трифонов порача дека неговата партија ќе го врати мандатот

26 април 2021

Состојбата по парламентарните избори во Бугарија денеска дополнително се комплицираше, откако стана јасно дека и партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, инаку втора политичка сила според бројот на освоени гласови, ќе го врати мандатот за формирање влада што бугарскиот претседател Румен Радев треба да им го додели оваа седмица. Тој дополнително ги навреди […]

Претседателот Радев ја свика конститутивната седница на новиот бугарски парламент за задутре

13 април 2021

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска ја свика за 15 април во 9 часот Конститутивната седница на новиот бугарски парламент. Радев го повлече потегот откако во последниот број на „Државен весник“ на Бугарија беа објавени мандатите, односно имињата на новите пратеници. Што се однесува до формирање владина коалиција, во Бугарија работите уште се многу неизвесни. […]

По ДПС, и бугарските социјалисти велат би поддржале влада што ќе ја предложи Слави Трифунов

10 април 2021

По Движењето за правда и слободи (ДПС), и Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска излезе со став дека би го поддржала формирањето на владата предложена од Слави Трифунов и неговата партија „Има таков народ“. Претседателката на БСП, Корнелија Нинова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека ако партијата на Трифунов предложи кабинет и ако […]

По изборите во Бугарија, сите конци во рацете на шоуменот Слави Трифонов

7 април 2021

Човекот што ќе ја реши иднината на Бугарија се нарекува Слави Трифонов и тој треба набргу да каже што ќе прави, повика досегашниот пратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Јавор Божанков, повикувајќи го на изјаснување на лидерот на партијата „Има таков народ“, извести dnevnik.bg. Партијата на шоуменот Слави Трифонов по парламентарните избори во неделата е […]

ГЕРБ на Борисов победи, но постои можност нов премиер на Бугарија да биде шоуменот Слави Трифонов

6 април 2021

ГЕРБ, владејачката партија во Бугарија е победник на парламентарните избори што се одржаа во неделата, со 26,14 отсто, според преброени 98,93 отсто од гласовите, но новата владина коалиција можеби ќе ја формира и второпласираната „Има таков народ“ на шоуменот и музичар Слави Трифонов, која доби 17,73 отсто, пишува medipool.bg. Резултатите од гласањето се сметаат за […]

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, ВМРО во неизвесност, Борисов предложи експертска влада

5 април 2021

Според најновите резултати од пребројувањето на гласовите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, објавени во 9:30 часот по бугарско време (8:30 по македонско), води партијата на досегашниот премиер Бојко Борисов, ГЕРБ, која има 24,88 отсто од гласовите, според обработени 54,63 отсто гласачки ливчиња. ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, пак, сè уште не знае дали […]

Страна 1 од 1