fbpx

Пригожин тврди дека го окупирал Бахмут, Украина демантира

Анализата на Институтот за проучување на војната вели дека Украина и во недела успеала да задржи голем дел од градот, иако зградата на градскиот совет во Бахмут е во делот од градот кој неодамна го презела Русија, бидејќи нејзините сили се приближуваат од исток

-

Шефот на руската платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин во своето најново обраќање тврди дека го подигнал руското знаме на зградата на градското собрание во Бахмут, јавува Би-би-си. Во снименото видео Пригожин изјави дека Бахмут сега постанал „руски и во правна смисла“. Сепак, тој призна дека украинските сили сè уште се концентрирани во западните области на овој град од Донецкиот регион што не може да го освои Русија веќе неколку месеци наназад.

Украина го отфрли видеото на Пригожин како трик и инсистира на тоа дека нејзината армија сè уште го држи под контрола градот Бахмут.

„Непријателот не го запре нападот врз Бахмут. Сепак, украинските бранители храбро го држат градот додека одбиваат бројни непријателски напади“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Независни извори не можат да потврдат што точно во моментов се случува во Бахмут, земајќи ги предвид жестоките борби што се водат веќе подолг период наназад во овој град.

Анализата на Институтот за проучување на војната вели дека Украина и во недела успеала да задржи голем дел од градот, иако руските трупи се обидуваат да го опколат Бахмут од југ и од исток.

Според оваа анализа, зградата на градскиот совет во Бахмут е во делот од градот кој неодамна го презела Русија, бидејќи нејзините сили се приближуваат од исток.

Во Бахмут се борат и војници од редовната руска војска, како и трупите на Вагнер, пишува Би-би-си.

Илјадници руски и украински војници загинаа во борбата за контрола на градот, но се смета дека руските загуби се далеку поголеми од оние на Украина.

Бахмут има мала стратешка вредност, но Украина го сметаше за важна цел, поаѓајќи од можноста да уништи руска воена опрема и војници во битката за заземање на градот.

Руските команданти се надеваат дека преземањето на Бахмут може да им даде отскочна даска за понатамошни територијални придобивки.

Во меѓувреме, украинските сили се очекува да започнат нова контраофанзива во наредните недели за да се обидат да ја вратат територијата што моментално е под руска окупација. Операцијата се очекува да започне кога долго ветените залихи од Западот, вклучително и германските тенкови „Леопард“, ќе пристигнат во Украина.

Украинските власти тврдат дека за само една недела елиминирале 4.000 руски војници во борбите на фронтот, јавува Укринформ.

„За време на неделата од 27 март до 2 април, одбранбените сили на Украина уништиле околу 4.000 непријателски војници. Оружјето и воената опрема на руските сили претрпе значителни загуби“, објави украинскиот заменик-министер за одбрана Олександр Павлиук.

Во Донецкиот регион во изминатово деноноќие како последица на руските воени дејствија загинале најмалку шест цивили, а 15 лица биле повредени, пренесува Укринформ. Загинатите цивили се од градот Константиновка, каде во руски ракетен напад биле погодени 16 станбени згради, осум куќи, градинка и други објекти во централното градско подрачје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...