fbpx

Трет пат претседателот Пендаровски ја обвинува Москва дека се меша во внатрешните работи на Северна Македонија

-

Македонскиот претседател Стево Пендаровски по трет пат месецов во интервју за медиумите говори за руското мешање во внатрешните работи на земјава. Во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус, Пендаровски открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“.

„Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание“, изјави претседателот Пендаровски.

Тој додава дека навистина е чудно тоа што неколку дена по руската инвазија во Украина, парламетнарната политичка партија Левица го повика рускиот амбасадор во Собранието и го одликува за неговиот придонес во билатералните односи, што се нема случено во ниту еден европски парламент.

Интервјуто на претседателот Стево Пендаровски доаѓа за помалку од три недели по интервјуто коешто го даде за грчкиот весник „Етнос“, во кое тој изјави дека Русија ги продуцира најсериозните хибридни закани на Балканот, вклучувајќи политичка пропаганда и кампањи на дезинформации.

„Поточно, во Северна Македонија, комплексноста и интензитетот на хибридните закани се слични на оние од 2018 година во периодот на нашиот референдум за прашањето за името“, изјави претседателот Пендаровски за време на насилните протести што се случуваа во Скопје во првата половина на јули годинава.

Слична изјава претседателот Пендаровски дадеи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, кога рече дека безбедносната ситуација во земјава се влошува. Тој на почетокот од јули ги сподели информациите кои ги добил од безбедносните служби, а кои посочуваат дека Руската Федерација ги злоупотребува протестите и уфрлени биле неколку дузини луѓе од соседните земји кои се обидуваат да испровоцираат инциденти.

Јавните предупредувања на претседателот Пендаровски за руското мешање во внатрешните работи на Македонија доаѓаат во период кога и бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“ изјави дека постоело спротивставување на Русија за симнување на бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

„Русија покажа влијание од двете страни на границата“, изјави премиерот Петков, додавајќи дека и во Северна Македонија и во Бугарија имало координирани активности.

„Видовме координирани дејствија, кога нашите националисти излегоа со иницијативи во медиумите пред нашиот културен центар во Северна Македонија да биде опожарен“, изјави премиерот Кирил Петков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...