fbpx

САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со Пригожин и изборите во САД

-

Стејт департментот понуди награда од 10 милиони долари за информации за надворешни обиди за мешање во процесот на избори во САД. Департментот ги издвои руската ИРА (Агенција за истражување на Интернет) и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин, кој е клучен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој обезбедува средства за ИРА преку компании што ги контролира. ИРА започна со операции уште во 2014 година, со кои се меша во американскиот политички систем, вклучително и на претседателските избори во 2016 година.

И ИРА и Пригожин, кој има прекар „готвачот на Путин“, се санкционирани во САД. Според Министерството за правда, тие ги користеле Фејсбук, Твитер и други платформи на социјалните медиуми за да се обидат да сеат раздор и да се мешаат во претседателските избори во 2016 година.

Како републикански кандидат на изборите во 2016 година, Трамп ја победи поранешната државна секретарка на САД, демократката Хилари Клинтон.

Стејт департментот се обидува да собере што повеќе информации за заканите за американските организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...