fbpx

Пендаровски: Руската федерација преку хибридни напади ги злоупотребува протестите

-

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека безбедносната ситуација во земјава се влошува. Според информациите кои тој ги добил од безбедносните служби, Руската Федерација ги злоупотребува протестите, а уфрлени се неколку дузини луѓе од соседните земји кои се обидуваат да испровоцираат инциденти.

„Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протеститее. Значи не наши државјани. Овие податоци ги знаат сите надлежни органи“, рече Пендаровски додавајќи дека во соработка со НАТО партнерите се прави сè да се превенираат ваквите обиди.

„Малку е за верување дека едно момче од 18 години знае што е молотов коктел, како да го направи, кога треба да го фрли“, рече Пендаровски.

Според претседателот, Северна Македонија во овој момент е под интензивирани хибридни напади слични на нивото од септември 2018 година кога беше организиран референдумот за промена на името „и тоа нема никаква врска со луѓето кои протестираат“.

„Да дообјаснам, трети страни, прецизно Руската Федерација го злоупотребува тоа штто граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог“, додаде тој.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...