fbpx

Политико: Кирил Петков го вперува прстот кон мафијата и Русија за падот на бугарската влада

-

Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков ја обвини Русија и моќната бугарска мафија за изгласувањето недоверба на неговата влада, пишува Политико.

Престижниот американски медиум во својот текст објаснува дека владата на Петков дојде на власт во Бугарија пред само шест месеци со ветување дека ќе се бори против корупцијата во земјата и зазеде невообичаено цврст став против Русија од почетокот на инвазијата врз Украина.

„Ова гласање е само мал чекор на многу долгиот пат пред нас. Ветувам дека ќе продолжиме во борбата да ја повратиме земјата назад, еден ден ќе имаме Бугарија без марионети, без мафија – нормална европска земја“, рече Петков во своето обраќање во бугарскиот парламент.

Политико додава дека Петков споменал и список на луѓе кои работеле на рушењето на неговата влада, меѓу кои ја спомена и руската амбасадорка во Софија и ја обвини Русија дека го користи своето влијание преку пратениците од екстремно десничарската партија Преродба за неговата смена од власт.

Воедно, овој медиум пишува дека во изминатите денови, голем дел од политичката дебата во Бугарија се фокусирала на тоа дали Слави Трифонов, лидерот на партијата „Има таков народ“, се повлекол од владата од причини поврзани со моќната бугарска олигархиска мафија, која треба да изгуби во ветената акција на Петков против митото. Тоа толкување беше поттикнато од неколку пратеници од партијата на Трифонов, кои пребегнаа кај Петков, токму затоа што рекоа дека нивната партија е на страната на мафијата. Трифонов возврати дека наводите за мафијата се апсурдни.

Инаку, Политико не е единствениот светски медиум којшто ја пренесува изјавата на Кирил Петков за руското мешање во вчерашното рушење на бугарската влада.

И Дојче Веле сервисот на англиски јазик пишува дека владата предводена од Петков почнала да изгледа несигурно веднаш по руската инвазија врз Украина.

„Додека Петков зазеде силна проевропска и про-НАТО позиција од почетокот на војната, Бугарија има силни историски врски со Москва“, додава Дојче веле, пренесувајќи ја изјавата на Петков дека е чест да биде соборен од ривалските партиски водачи Борисов и Трифонов, обвинувајќи ги и бугарскиот олигарх и медиумски магнат Дељан Пеевски и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

Изгласана недоверба на Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...