fbpx

ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени, од СДСМ бараат одговорност на петочната седница

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ќе гласаат против уставните измени, додека од СДСМ бараат одговорност од опозицијата за европската иднина на земјава

-

Пред почетокот на собраниската седница в петок, на чиј дневен ред треба да се најдат уставните измени, најголемите политички партии остануваат на веќе познатите позиции. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ќе гласаат против уставните измени, додека од СДСМ бараат одговорност од опозицијата за европската иднина на земјава.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска имала редовна координација пред самата 123-та седница каде што е предложена точката за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат, како што велат, под бугарски диктат, не се можни и нема да поддржат.

„Оваа седница ќе биде добра можност да се увери целокупната јавност дека власта цела една година лаже, манипулира и сее магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека очекуваат одговорност по седницата.

Од СДСМ денеска рекоа дека очекуваат од сите 120 пратеници да се стават на висината на задачата и „да ја сфатат одговорноста којашто сите ја имаме пред граѓаните“.

„Ова на Мицкоски му е последната можност да се приклучи кон проевропскиот блок. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да покажат чувство на одговорност пред граѓаните, затоа што наша обврска како политичари е да им обезбедиме сигурна иднина на граѓаните“, изјави денеска Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.

Од СДСМ бараат Мицкоски да покаже одговорност за европската иднина на земјава и да се приклучи заеднички кон напорот да се создаде просперитетна Македонија.

Инаку, в петок во парламентарниот дом најпрво треба да се изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Македонија, за што се потребни 61 глас. Потоа, треба да отпочне претрес по предлогот, кој може да трае најмногу десет работни дена.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието треба да ја донесе со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со 80 гласови.

Собранискиот спикер Талат Џафери веќе најави дека собраниската седница ќе се одложи додека не се создадат услови за гласање, а очекувањата на власта се дека двотретинско мнозинство ќе се обезбеди до крајот на мандатот на оваа влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...