fbpx

Ахмети се сретна со косовскиот министер Алиу, разговарале за изградба на пат меѓу Тетово и Призрен

Алиу рече дека Северна Македонија веќе изработила физибилити студија и дека во фаза е финансискиот договор за реализација на проектот

-

Лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура Либурн Алиу во партиското седиште во Мала Речица.

Ахмети рече дека се среќава со Алиу по официјално барање од косовскиот премиер Албин Курти, кој во петокот беше во посета на Тетово и Скопје, на средба само со опозициските лидери од албанскиот политички блок.

Ахмети по средбата изјави дека со Алиу разговарале за реализација на проект за изградба на пат од Тетово до Призрен и нагласи дека во интерес на двете држави е преку официјални разговори да се поттикне економската и друга соработка.

„Во интерес на нашата држава е развој на соработката со Косово, како и развој на соработката и со другите соседни земји – Албанија, Грција, Бугарија, Србија, зашто треба да имаме предвид дека регионот мина низ конфликти и војни со тешки последици. За да се биде успешен во градењето добри односи со народите и граѓаните, потребна ни е подобра соработка“, рече Ахмети на прес-конференција по средбата со косовскиот министер Алиу.

Ахмети додаде дека е важно што поскоро да започне изградбата на патот од Тетово до Призрен.

Алиу рече дека Северна Македонија веќе изработила физибилити студија и дека во фаза е финансискиот договор за реализација на проектот.

„Овој проект, покрај поврзувањето на Призрен со Тетово, го поврзува и делот од Националниот парк Шар Планина во делот на Република Косово со делот на националниот парк во делот на Република Северна Македонија. Овие две области имаат исклучителни вредности и можности за економски развој преку зимскиот и летниот туризам и оваа рута ќе создаде можност за заедничко управување со Националниот парк и управување со развојот на туризмот за двете земји“, рече Алиу.

Посетата на косовскиот министер доаѓа неколку дена откако земјава ја посети и косовскиот премиер Албин Курти. Тој во Скопје и Тетово се сретна само со претставници од албанската опозиција, а средбите предизвикаа револт и реакции во јавноста, но и меѓу државниот врв, поради тоа што не беше интонирана македонската химна, ниту пак беше истакнато македонското знаме.

На разговор во полициска станица беа повикани градоначалниците на Чаир – Висар Ганиу и на Тетово – Билал Касами, а Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера соопшти дека се бара и човекот кој во Тетово вееше знаме со знакот на голема Албанија.

Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и кај нас?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...