fbpx

Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и кај нас?

По дадените изјави, се поставува прашањето: Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и во нашата земја? Нивните изјави доаѓаат токму пред, односно на денот на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

-

Речиси координирано, еден по друг, косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве со своите изјави се обидуваат да се мешаат во внатрешнополитичките и надворешнополитичките односи на Македонија. По дадените изјави, се поставува прашањето: Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и во нашата земја? Нивните изјави доаѓаат токму пред, односно на денот на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Најпрво косовскиот премиер Албин Курти за време на неофицијалната посета на земјава на 11 август од Тетово порача дека Македонија треба да се држи што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а што подалеку од Србија и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира од Милошевиќ и од Путин. Вака Македонија ќе биде што поблиску до влез во Европската Унија а нашиот Балкански регион ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да ѝ помагаме и ќе ја поддржуваме Македонија“, изјави косовскиот премиер Курти.

На српскиот претседател Александар Вучиќ не му беа потребни повеќе од два дена за да одговори на прозивките на Курти од Тетово. Во неговото интервју за српската телевизија „Пинк“, српскиот претседател рече дека посетата на Курти на Тетово била скандал над скандалите и дека таму била, како што вели тој, „промовирана идејата за голема Албанија“.

Интервјуто на Вучиќ денеска се најде на ударните позиции на српските медиуми, вклучувајќи го и српскиот јавен сервис РТС, агенцијата Танјуг и дневниот весник Политика.

Притоа, српскиот претседател Вучиќ изјави дека Албин Курти се обидува да направи немири и да ги разбранува духовите не само во Северна Македонија, туку и на југот на централна Србија, при што за тоа не пропушти да обвини и дел од меѓународната заедница за дејствувањето на Курти.

Вучиќ во продолжението на телевизиското интервју на Пинк, изјави дека доколку не би била Србија толку силна и помоќна, Курти би нападнал насекаде.

„Тој не би ја нападнал само централна Србија, туку и Северна Македонија, Црна Гора, а прашање е што би било со Албанија“, изјави Вучиќ во својот распламтувачки говор, додавајќи дека српската војска мора да се грижи за степенот на сопствената сила.

Освен кон Курти, српскиот претседател не пропушти да се расфрли со обвинувања и кон високите државни функционери од земјите-членки на ЕУ, САД и Велика Британија, кои пред само неколку дена во писмо до нивните земји побараа поголема дистанца од Србија и покритички однос на ЕУ, САД и Велика Британија кон Александар Вучиќ, бидејќи токму Вучиќ сè повеќе ги ескалира тензиите во односите со Косово, а западните земји се воздржуваат од критики кон него.

Во интервјуто за телевизија Пинк, српскиот претседател Вучиќ рече дека таквите функционери од Западот ја поддржуваат политиката на Албин Курти и се обидуваат да ја обвинат Србија, именувајќи дел од функционерите потпишани во писмото – Михаил Рот и Алиса Кернс.

Високи функционери бараат дистанцирање на ЕУ и САД од Србија поради владеењето на Вучиќ

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...