сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Охридски рамковен договор | 24 резултати

Охридскиот договор „наполни“ 20 години – одбележувањето помина без преживеаните потписници

август 13, 2021

Со конференцијата „…По Охрид“, која во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите права на Универзитетот на Колумбија, се одржа денеска во Скопје, се одбележа 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. На конференцијата говореа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот […]

ЦЈЗ ќе ги спроведува протоколите на утрешната прослава на 20-годишнината од Охридскиот договор

август 12, 2021

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи на утрешното одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, рече денеска вицепремиерот и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. „Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство […]

Груби: По 20 години пронајден оригиналниот документ на Охридскиот Договор

август 9, 2021

Вицепремиерот и министер за mолитички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес го предаде во Државниот архив на РСМ оригиналниот документ на Охридскиот рамковен договор, за истиот да биде архивиран, 20 години по потпишувањето на овој мировен документ. „Исклучително сум задоволен што по две децении, 20 години недостасување на оригиналниот документ на Охридскиот Договор, […]

Премиери од регионот и високи функционери на ЕУ и САД следната седмица на големата меѓународна конференција од Преспа Форум за дијалог

јуни 26, 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите информираше за претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1 – 2 јули, во Охрид и Отешево. На конференцијата ќе учествуваат поголемиот дел од […]

Почина Џејмс Пердју, еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор

јуни 6, 2021

Во средата, во 77 година од животот, почина Џејмс Пердју, американскиот дипломат кој помогна во склучувањето на Охридскиот договор во 2001 година и завршувањето на воениот конфликт, објавил весникот „Арканзесонлајн“, без детали за причината за неговата смрт. Пердју на македонската јавност и е познат како еден од седумте потписниците на Охридскиот договор во август 2001 […]

Ниту еден од поканетите лидери на албанските политички партии не дојде на средбата кај Ахмети

август 13, 2020

Поканата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, лидерите на албанските политички партии да ја одбележат со заедничка средба 19-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, беше неуспешна, бидејќи не се појави ниту еден лидер на албанските партии што влегоа во новиот состав на парламентот. Али Ахмети со Теута Арифи и Артан Груби во хотелот „Парк“ […]

Заев: Нема да дозволам владата да ја срушат неколку криминалци, еден суетен новинар и – да ми извинат од ЛГБТ заедницата – еден педер

август 14, 2019

Премиерот Зоран Заев вчера излезе со многу нервозна и груба изјава – дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13. – Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име […]

Ахмети: Членството во ЕУ и НАТО ќе ни донесе напредок, стабилност и мир

август 13, 2018

Секретаријатот за европски прашања денеска во Клубот на пратеници организираше панел дискусија „Патот до Брисел преку Охрид“ за одбележување на 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се направи спој помеѓу Охрид како внатрешна интеграција и Брисел како надворешна интеграција на државата. Премиерот Зоран Заев рече дека Охридскиот рамковен договор гарантира дека […]

Стотици административци вработени по Рамковен уште седат дома и примаат плата

јуни 29, 2018

Сè уште не е изготвен план за распоредување на работни места на втората група административци што се вработени според Рамковниот договор и тие уште примаат плата иако седат дома и не одат на работа, пишува „Порталб.мк“. Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор веќе два месеца е во фаза на подготовки на планот за нивно […]

Манчевски: Вработените според Рамковен ќе бидат распределувани и во училишта

март 8, 2018

Луѓето што примаат плата според Охридскиот рамковен договор, а не одат на работа, ќе бидат распоредувани на работни места не само во јавната администрација, како досега, туку ќе добијат понуда да работат во целиот јавен сектор, односно и во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. […]

Лавров: ЕУ е пасивна околу тиранската платформа и кршењето на Охридскиот договор

февруари 22, 2018

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на заедничка прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ во Белград вчера повторно ја спомена Македонија, истакнувајќи дека Москва не може „а да не биде загрижена за пасивноста на Европската Унија во врска со иницијативата што се појави од Тирана за т.н. тиранска платформа“, која, како што кажа, […]

Тунтев: Работиме на амандмани за да нема различни толкувања на законот за јазиците

ноември 15, 2017

Пратениците на Социјалдемократскиoт сојуз на Мaкедонија работат на амандмански предлози за предлог-законот за упиреба на јазииците со кои сакаат да интервенираат во законот секаде онаму каде што се отвора проблем за различни толкувања на членовите, изјави коодринаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на прес-конференција во Собранието. – Со денешното изгласување на потребата за […]

Османи: Патот до Брисел води преку Рамковниот договор и Законот за јазиците

август 13, 2017

Патот до Брисел води преку Охридскиот рамковен договор и Законот за јазиците како едно од најсензитивните и најважните прашања од договорот, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за „Телма“. Тој вели дека Законот за јазиците е со европско знаменце, што предвидува негово донесување во брза постапка, затоа што е дел од националната […]

Биљали: Очекувам брз прием на Македонија во НАТО, а потоа решавање на спорот за името

август 13, 2017

Меѓународната заедница ќе инсистира Македонија првин да добие покана за членство во НАТО, без да има промена на името, а потоа да се даде рок за преговори за изнаоѓање решение за спорот со Грција, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали во неделното интервју за македонскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. – Колку што јас имам информации, […]

Шеснаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

август 13, 2017

Денеска се одбележуваат 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетички соживот. Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август […]

Поради годишнината од Рамковниот, Џафери ја презакажа седницата за в понеделник

август 12, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, која требаше да продолжи утре, ја презакажа за в понеделник. На официјалната интернет-страница на Собранието стои дека за утре не се предвидени никакви активности во законодавниот дом, а продолжението на седницата е закажано за в понеделник во 11 […]

Трамп ја продолжи важноста на црната листа за Македонија – 10 лица се закана за САД

јуни 22, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот да ја продолжи важноста на т.н. „закана по националните интереси на САД“ од регионот на Западен Балкан, документ кој беше донесен во јуни 2001 година од Џорџ Буш. Со него се опфатени Босна и Херцеговина, Косово и Македонија и тој пропишува дека од овие сè уште земји постои […]

Владата на тематска седница ќе го утврдува правецот на реформските приоритети

јуни 19, 2017

Владата денеска ќе одржи тематска седница што ќе биде посветена на утврдувањето на правецот на реформските приоритети. Седницата, како што соопштија од Владата, е закажана за напладне, а еден час подоцна, односно во 13 часот, владиниот кабинет ќе ја одржи седмата редовна седница. „Во согласност со предложениот дневен ред, на седмата владина седница ќе бидат разгледани […]

Враќањето на политичката стабилност мора да биде највисок приоритет, порача Заниер

март 9, 2017

Надминување на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет, се наведува во соопштението на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по завршувањето на посетата на генералниот секретар на организацијата, Ламберто Заниер, и на средбите со државниот и со политичкиот врв на земјава. Заниер, стои во соопштението, изразил загриженост за последните случувања […]

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно преговарање за Рамковниот е отворање на Пандорината кутија

февруари 8, 2017

Повторното преговарање за Охридскиот рамковен договор, што го заговара новата платформа на албанските партии, е отварање на Пандорината кутија поради што ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за платформата, било истакнато на средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и амбасадорката на Турција, Еркал Кара. Како што истакнале од ВМРО-ДПМНЕ на средбата, токму […]

Страна 1 од 1