Премиери од регионот и високи функционери на ЕУ и САД следната седмица на големата меѓународна конференција од Преспа Форум за дијалог

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите информираше за претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1 – 2 јули, во Охрид и Отешево.

На конференцијата ќе учествуваат поголемиот дел од премиерите на земјите во регионот, министри за надворешни работи, дел од министрите за економија, за финансии, а ќе има и претставници и на Европската Унија, претставници на бројни мултилатерални организации, на регионалните иницијативи, претставници на земји – членки на унијата, претставници на САД

„Наредната недела, во Охрид и Отешево ќе се одржи најголемата меѓународна конференција која државава ја има организирано. Во основата на Преспа Форумот за дијалог се наоѓаат три столба – Тоа се Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста и демократијата, овде на Балканот“, истакна Османи.

За време на брифингот, Османи, исто така, посочи дека во пресрет на стартот на конференцијата, на 30 јуни, ќе се одржи неформален состанок Б6, или Балкан 6, во кој министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан, ќе одржиме таканаречена, средба без вратоврски.

„Мојата интенција е овој неформален формат, слично како и на другите европски формати како што се В4, или Ц5, да стане редовна активност на министрите од регионот, каде ќе можеме неформално да разменуваме мислења, информации и да предлагаме идеи за сите предизвици, можности во рамките на меѓусебната соработка“, заклучи Османи.

Министерот информираше дека Конференцијата е во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на Премиерот и Владата на Република Северна Македонија. Притоа, нагласи дека ова е далеку најголемиот настан што државата го организирала, кој преставува предизвик од секаков аспект: од организационо технички, протоколарен, па се до политички предизвик, да се биде домаќин на највисоки гости од регионот, од Европа, па дури и од САД.

Конференцијата ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници ќе бидат поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција Метју Нимиц, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ Ален Ле Роа, еврокомесарот Јоханес Хан.

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од...