четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Договорот со Бугарија | 22 резултати

Контраспин: Проблемот не е во Договорот со Бугарија, туку во промената на однесувањето на Софија од 2019 година

13 септември 2022

Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. […]

Потпишан вториот билатерален протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија

17 јули 2022

Министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска денес по одржувањето на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија го потпишаа вториот билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017. Протоколот е дел од преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на […]

Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

9 јули 2022

Според документацијата до којашто дошло Дојче веле, Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка, но францускиот предлог го смета за нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци. Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка […]

Ковачевски-Борел: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е од геостратешки интерес за ЕУ

14 март 2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја и кој на средбата беше придружуван од шефот на делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир. Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел имаа […]

Контраспин: Повеќедецениски спор меѓу две држави не се решава за 6 дена

27 декември 2021

Несериозно е политичар и тоа прв вицепремиер во Владата на РСМ, да дава изјави дека спорот со Бугарија може да се реши за 6 дена, без да има конкретни факти, аргументи или документи. Не може јавно искажан збор, макар и од бугарски премиер, за „нов конструктивен тон“ и решавање на спорот за 6 месеци, да […]

Бугарскиот претседател Радев за „ЕУрактив“: Северна Македонија да го смени Уставот

17 декември 2021

Република Северна Македонија треба да го смени својот Устав. Тоа би било чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, во интервју за угледниот „ЕУрактив“ порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој минатиот месец го освои вториот мандат на функцијата прв човек на Бугарија. Во однос на одредени алузии дека спорот меѓу двете земји влегува […]

Заев и учесниците на Преспа форум за дијалог најголем акцент ставија на Преспанскиот договор

2 јули 2021

„Јасно ми е дека застарените искуства велат дека во политиката нема пријателства, туку само – интереси. Но, јас и Алексис Ципрас се определивме да покажеме дека не се сите стереотипи правило и дека кога се кршат се создaва енергија за нови модели на однесување и за воспоставување нови пријателства и односи меѓу државите и политичарите. […]

Охрид и Отешево утре и задутре домаќини на „Преспа форум дијалог“

30 јуни 2021

Течат последните подготовки за најголемата меѓународна конференција која се организира во нашата држава „Преспа форум дијалог“, известија од владината прес-служба. Утре и задутре во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема […]

Премиери од регионот и високи функционери на ЕУ и САД следната седмица на големата меѓународна конференција од Преспа Форум за дијалог

26 јуни 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите информираше за претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1 – 2 јули, во Охрид и Отешево. На конференцијата ќе учествуваат поголемиот дел од […]

Бугарскиот министер за надворешни како главна цел го зацрта активирањето на дијалогот со Северна Македонија

25 мај 2021

Основниот приоритет на екипата што го раководи Министерството за надворешни работи на Бугарија е враќање на довербата и активирање на дијалогот со Северна Македонија, порача техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, пренесува бугарски „Дневник“. „Ние сме отворени за дијалог, за барање конструктивно решение. Целта е постигнување одржаливи и неповратни резултати во возобновувањето […]

Стоев по средбата со Вархеји и Силва: Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Северна Македонија

21 мај 2021

Нема промена во позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија, порача министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија, Светлан Стоев, по средбата со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугушто Сантош Силва, и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, утрово во Софија, јави бугарски БГНЕС. „Бугарија продолжува со принципиелноста во поддршката на […]

Јелинчич со невистина: Во договорите со Атина и Софија нема откажување од идентитетот!

12 јануари 2020

Словенечкиот политичар и пратеник, Змаго Јелинчич – Племенити, даде изјава поврзана со состојбите во Република Северна Македонија, во која се содржат и невистинити тврдења – дека со Договорот од Преспа, Заев се откажал од сè македонско, а со потписот на Договорот за добрососедство со Бугарија се откажал од идентитетот и историјата на македонскиот народ, како […]

Заев и Борисов ќе положат цвеќе на гробовите на Гоце Делчев и Константин Каварналиев

1 август 2019

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на земјава, за заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија. Борисов претпладнево официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на […]

Каракачанов не чита историја, а ни договори кои ги потпишала владата во која членува

10 декември 2018

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и претседател на ВМРО-БНД, а по него и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ГЕРБ, обајцата припадници на бугарската политичка десница, викендов настапија со остри квалификации за македонскиот национален идентитет. Вториот, иако не ги повтори заканите од Каракачанов дека Бугарија може да го блокира зачленувањето на Македонија во […]

Хан: Да не се ризикува иднината на Македонија поради дневно-политички причини

30 јули 2018

Ги повикувам сите политички лидери да постапуваат конструктивно за да се постигне целта и да не се загрози напредокот поради дневно-политички причини, им порача еврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан на македонските политичари во интервју за „Еурактив“. Тој вели дека дефинитивно Македонија постигнала најголема напредок во изминатава година, со тоа што ја надминала […]

Договорот со Бугарија ќе биде потпишан на 1 август во Скопје

26 јули 2017

Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка на Република Македонија и на Република Бугарија ќе биде потпишан на 1 август во Владата на Република Македонија, зашто на 2 Август ќе има многу чествувања, рече премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која го презентираше договорот. Прашан на кои јазици ќе биде потпишан договорот, премиерот рече […]

Заев: Договорот со Бугарија е директна одговорност на Собранието

21 јули 2017

Премиерот Зоран Заев од Штип им порача на граѓаните дека договорот за добрососедство со Бугарија отвора сериозна перспектива, а тој, како упатен политичар, „нема да дозоволи влакно да ѝ недостига на Македонија“. Заев одговори на прозивките за тајноста на расправата за овој договор и објасни дека договорот ќе се смета за склучен откако ќе биде ратификуван во […]

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од тоа што Димитров жали за изјавата на Дачиќ

12 јули 2017

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Партијата ја обвини новата власт дека работи против интересите на Македонија. „Катастрофалната меѓународна политика на Заев и […]

Страна 1 од 1