Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација: ЕУ бара напредок во реформите и дава поддршка

Состанокот се одржа во Скопје, а ова е првпат состанок на овој совет да се одржува кај нас

-

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи од процесот на проширување, како и процесот за стабилизација и асоцијација. Постојните билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, треба да бидат спроведени со добра волја, e една од главните пораки на денешниот, 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Северна Македонија.

Состанокот се одржа во Скопје, а ова е првпат состанок на овој совет да се одржува кај нас. Тоа, како што соопштуваат од владата, ја нагласува „целосната и недвосмислена посветеност на перспективите за членство на Западен Балкан во ЕУ, како и кон процесот на пристапни преговори на Северна Македонија“.

На состанокот од македонска страна учествувале премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Делегацијата на ЕУ е составена од Жосеп Борел Фонтелес, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, како и од еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.

„Учесниците ја поздравија јасната стратешка цел на ЕУ и амбицијата на Северна Македонија да напредува во процесот за пристапни преговори врз основа на континуиран напредок со реформите, истовремено потврдувајќи ја посветеноста на ЕУ за натамошна поддршка на Северна Македонија во нејзините напори за членство во ЕУ. Учесниците, исто така, ја истакнаа важноста од постојани реформи и натамошно консолидирање на нивната имплементација, во интерес на граѓаните на Северна Македонија“, се вели во заедничкото соопштение испратено од владината служба за односи со јавноста.

ЕУ ги охрабрува сите страни во Собранието да продолжат конструктивно да работат заедно и да изградат меѓупартиски консензус што ќе се фокусира на преземање конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржувањето на тековната динамика на реформите.

Важен дел од денешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Северна Македонија биле и темите правосудство и борба против корупцијата.

„Надоврзувајќи се на веќе постигнатиот напредок, потребни се постојани напори за да се обезбеди независност, професионалност, транспарентност и непристрасност на судскиот систем. ЕУ ја охрабри Северна Македонија да продолжи со консолидирањето на достигнувањата во истрагите, гонењето и правосилните пресуди во случаи на корупција, вклучително и на високо ниво“, открива заедничкото соопштение.

Пораката од ЕУ е дека ќе продолжи да ја зацврстува и интензивира својата вклученост, на сите нивоа, за да ја продолжи политичката, економска и социјална трансформација на Северна Македонија. Потврдена е и поддршка, вклучително и преку непрекината помош во делот на владеење на правото и социо-економските реформи, како и на придржувањето до вредностите, правилата и стандардите на ЕУ.

„По усвојувањето на правната рамка за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III, што е главен извор на средства, ЕУ ја подвлече потребата од зацврстување на административниот капацитет на ИПА структурите со цел да се овозможи непречено спроведување на ИПА III програмите“, се вели во соопштението.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...