fbpx

Роберт Скот Хејзлет: Собраниското TВ студио е сериозна институционална реформа

Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт во земјава и тим-лидер на Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Владата на Швајцарија вели дека покрај преносот од пленарните и комисиските седници, се предвидува и дополнителна продукција и копродукција на едукативни и информативни содржини кои би се емитувале на Собранискиот канал

-

Пред два дена Националниот демократски институт (НДИ) објави оглас за ангажирање на седуммина новинари, сниматели и монажери, кои ќе работат во новото ТВ студио во Собранието на С. Македонија. Ова предизвика реакции во јавноста, а некои коментираа дека на овој начин претседателот Tалат Џафери ќе си формира свој ПР тим.

За што всушност станува збор побаравме објаснување од Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт во земјава и тим-лидер на Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Владата на Швајцарија.

Роберт Скот Хејзлет | Фото: Национален демократски институт

Во огласот се бара раководител на одделение за реализација на програма, продуцент/режисер, потоа двајца новинари, двајца сниматели, по еден видео и тонски монтажер.

„Ова е сериозна институционална реформа која ќе го надживее мандатот на актуелниот парламентарен состав. Лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани ќе добијат обука од меѓународни експерти согласно стандардите и праксите на развиените парламентарни ТВ сервиси со цел извршување на работата професионално и објективно. Покрај преносот од пленарните и комисиските седници, се предвидува и дополнителна продукција и копродукција на едукативни и информативни содржини кои би се емитувале на Собранискиот канал“, објаснува Скот Хејзлет.

Во меѓувреме, во Собранието се опремува ТВ студиото. Очекувањата се дека со ова студио граѓаните ќе можат да ги слушнат ставовите на пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата во врска со различни предлог законски решенија или јавни политики од интерес за граѓаните.

Во НДИ објаснуваат дека ги зеле предвид меѓународните искуства на други парламенти, па веќе имаат воспоставена редовна соработка со Швајцарското федерално собрание, Сојузниот парламент на Германија (Бундестаг), Европскиот парламент, Парламентот на Естонија (Риикикогу), Конгресот на САД како и со индивидуални меѓународни експерти вклучително и од британскиот парламентарен сервис на Би-би-си.

Граѓаните што не ги почитувале ковид-протоколите ќе бидат амнестирани

Собраниските пратеници ги усвоија измените на Законот за амнестија, со кои граѓаните осудени на високи парични казни поради непочитување на протоколите за време на ковид-пандемијата, ќе бидат амнестирани. Во периодот...
Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
udemy course download free
download karbonn firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free