fbpx

Ескобар оптимист пред охридската средба, Вјоса Османи очекува резултати

Емисарот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескбор изрази оптимизам за позитивно решение за утрешната средба во Охрид

-

Косовската претседателката Вјоса Османи вели дека претставниците од Косово одат во Охрид со надеж за позитивни резултати. На конференцијата за медиуми, по средбата со американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, таа изјави дека треба да се постигне фер и сеопфатен договор со Србија, каде двете држави ќе се третираат како рамноправни.

Сепак, таа рече дека Србија не треба да прави опструкции. Емисарот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескбор изрази оптимизам за позитивно решение за утрешната средба во Охрид.

„Ги поздравувам многу продуктивните средби во Охрид заедно со Курти и Вучиќ. Имаме намера целосно да го поддржиме секој исход што ќе го доближи мирот во регионот и ќе ги интензивира можностите Косово и Србија и остатокот од регионот да станат полноправни членки на евроатлантската заедница и веруваме дека овој европски предлог олеснет од ЕУ дава извонредна шанса за траен мир меѓу двете земји. Како најголем поддржувач на Косово во светот, имаме за цел ова да функционира, не само за Косово, туку и за регионот, да ги отклучи некои од најдобрите ресурси што Балканот може да ги понуди себеси и на другите. Го поздравувам позитивниот резултат во Охрид, оптимист сум, голем оптимист за можностите за мирно решение и се надевам дека по сабота ќе имаме добри вести“, изјави Ескобар.

Актуелните политички случувања во земјата, регионот и пошироко, процесот на дијалогот и следните чекори, со посебен осврт на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, исто така беа теми на разговор и меѓу Ескобар и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.

Коњуфца преку објава на Фејсбук објави дека му повторил на Ескобар дека секој договор што може да се постигне во процесот на дијалог со Србија мора целосно да го почитува суверенитетот.

„Република Косово е посветена на добрососедство, мир и стабилност во регионот. Исто така, за разлика од Србија како поткопувачка страна, Република Косово одигра конструктивна улога во текот на процесот на дијалог, вклучително и на состанокот на 27 февруари во Брисел. Повторив дека никогаш нема да го изгубиме фокусот од целосното признавање и дека секој договор што може да се постигне во процесот на дијалог со Србија мора целосно да ги почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Република Косово“, напиша Коњуфца.

Тој исто така изјави дека Ескобар му се заблагодарил за посветеноста и „незаменливата улога на САД во процесот на дијалогот и ја изразил својата подготвеност за натамошно зајакнување на меѓусебното партнерство, како и унапредување на одличните односи меѓу Република Косово и Република Косово и Соединетите Американски Држави”.

Ескобар престојува во Приштина во пресрет на утрешната средба во Охрид. Тој вчера се сретна и со претставници на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...