fbpx
Таг: Ohrid

таг: Ohrid

Охрид и Отешево утре и задутре домаќини на „Преспа форум дијалог“

Течат последните подготовки за најголемата меѓународна конференција која се организира во нашата држава „Преспа форум дијалог“, известија од владината прес-служба. Утре и задутре во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот...

Премиери од регионот и високи функционери на ЕУ и САД следната седмица на големата меѓународна конференција од Преспа Форум за дијалог

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите информираше за претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1 – 2 јули, во Охрид и Отешево. На конференцијата ќе учествуваат поголемиот дел од премиерите на земјите во регионот,...

Конференција во чест на свети Климент Охридски

Меѓународна конференција во чест на илјада и стогодишнината од блаженото упокојување на великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, се одржува од денеска до 22 октомври во конгресниот центар во Охрид. Настанот е насловен „Свети Климент Охридски - Милоста и милосрдието во Библијата и во црквата“ и е дел од државната програма за одбележување на јубилејот од неговото упокојување. Конференцијата...

Изложба на копии на фрески и икони со ликот на Свети Климент Охридски

Во организација на МАНУ, а по повод одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид, отворена е изложба на копии на фрески и икони со ликот на овој светител и патрон на Охрид. Копиите се од фрески и икони во црквите и манастирите во Македонија и во соседните држави. - Изложбата...

Охридскиот Црвен крст добитник на наградата „Свети Климент Охридски – патрон на Охрид“

Неколкудневното чествување на свети Климент Охридски, патронот на градот Охрид, завршува вечерва со свечената академија во Центарот за култура „Григор Прличев“. Свеченоста ќе почне со химната за свети Климент од Димитар Масески, во изведба на хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи проф. д-р Кирил...

Обвинетите за двојното убиство во „Император“ не се чувствуваат виновни

Под силни мерки на обезбедување, со изнесување на обвинителниот акт и со сослушување на сведоците, во Основниот суд во Охрид денеска почна судскиот процес против двајцата обвинети за убиството на сопственикот на угостителскиот објект „Император“, Васил Ристески, и на охриѓанецот Ромео Ѓузелоски. На почетокот од првото судско рочиште, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Пред Судскиот совет денеска искази...

МВР: Три локали во Охрид претерале со гласна музика

Изминативе денови Секторот за внатрешни работи Охрид и инспекциските служби на локалната самоуправа, спровеле акција во повеќе локали во градот и во три од нив констатирале надминување на граничните вредности на дозволената бучава и нарушување на јавниот ред и мир. „Во три угостителски објекти мерењата со помош на апарат - фонометар, покажаа надминување на граничните вредности на дозволена бучава и...

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж и редици со долги колони возила во правец на плажите. Попладне е обратно. Навечер се...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...