МВР: Три локали во Охрид претерале со гласна музика

-

Изминативе денови Секторот за внатрешни работи Охрид и инспекциските служби на локалната самоуправа, спровеле акција во повеќе локали во градот и во три од нив констатирале надминување на граничните вредности на дозволената бучава и нарушување на јавниот ред и мир.

„Во три угостителски објекти мерењата со помош на апарат – фонометар, покажаа надминување на граничните вредности на дозволена бучава и нарушување на јавниот ред и мир. СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна пријава за правното лице, но и за одговорното лице и го спречи понатамошното нарушување, односно создаде услови за заштита на граѓаните од бучава“, стои во соопштението на МВР.

Оттаму велат дека акцијата била спроведена по пријави на граѓани, кои се жалеле на гласната музика од рестораните и од кафулињата во Охрид.

Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, „оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15 до 18 часот и по 23 часот до 6 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. За прекршокот, на правно лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, а на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец-поединец кој врши угостителска дејност ако не преземе мерки да не дојде до извршување на прекршокот во неговиот угостителски објект“.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...