fbpx

Првите два километра од автопатот Скопје-Блаце нема да бидат готови ниту ова лето

-

Северна Македонија сè уште го нема изградено првиот дел од автопатот Скопје-Блаце. Иако за овој проект се зборува со години, првите два километри на автопатот нема да бидат готови ниту ова лето. Од ЈП за државни патишта за Порталб.мк изјавија дека подготвителните фази се завршени и дека изградбата е започната.

„Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е започната и во согласност со документацијата на договорот, изведувачот ја започна работата на 27.07.2020 година. До овој момент сите подготвителни фази се завршени и сега се изведуваат земјени работи, ископувања и насипи, како и на бетонски работи и дренажа“, велат од ЈП за државни патишта.

Оттаму додаваат дека, врз основа на склучениот договор со изведувачот, рокот за завршување на изградбата е една и пол година. Што значи дека првите два километра од автопатот може да бидат готови до крајот на оваа година, доколку изведувачот се придржува до договорот.

„Изградбата на првите два километра од автопатот, согласно документацијата на договорот, е 18 месеци од денот на започнување со работа“, потврдија од ЈП за државни патишта.

Цената за изградба на двата километра на автопатот е 12,2 милиони евра без ДДВ. Градежните работи се изведуваат со финансиски средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Договор со градежната компанија „Гранит“ беше потпишан во јануари минатата година. За време на потпишувањето на договорот, за реализација на првата фаза на автопатот Скопје-Блаце пред повеќе од една година, беше ветено дека првите два километри од автопатот, од граничниот премин „Блаце“ до раскрсницата со селото Блаце ќе биде готово следното лето, односно ова лето.

Втората фаза на автопатот Скопје-Блаце вклучува изградба на траса од крстосницата во близина на селото Блаце до крстосницата кај скопската обиколница. Потегот долг 10,5 километри е проектирана од конзорциумот „ИПф7“ (IPf7), предводен од „Хил Интернешенел“. Целиот автопат од Скопје до Блаце со вкупна должина од 12,5 километри е поделен во две фази, а изградбата се очекува да чини над 110 милиони евра.

Мета.мк и Portalb.mk пишуваа за потребата постапката за изградба на автопатот Скопје-Блаце да се забрза, со оглед на фактот дека Косово веќе го заврши својот дел од работата, додека преостанатите километри од граничниот премин „Блаце“ до Скопје во моментов се одвиваат во само една лента за секоја насока. Патот е полн со дупки и не е рамен, иако на него има зголемена фреквенција на возила.

Косово е наш трговски партнер каде извезуваме повеќе отколку што увезуваме стока годишно, додека многу жители на оваа земја често доаѓаат да купуваат и други услуги и да оставаат значителни финансиски средства во нашата земја. Покрај економската добивка, автопатот низ Косово во моментов е и најбрзата патна врска со пристаништата Бар и Драч со македонската престолнина и северните делови на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...