fbpx

Пендаровски за 21-годишнината од Охридскиот договор: Функционалната мултиетничка демократија ги зачува мирот и стабилноста

-

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека потпишувањето на овој договор спречи ескалација на оружениот конфликт во 2001 година овозможи изградба на „модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците“:

„Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис Трајковски и претставниците на ЕУ и на САД го потпишаа Рамковниот договор кој ја спречи натамошната ескалација на конфликтот и донесе мир и стабилност како предуслови за натамошен демократски развој на македонското општество“, се вели во пораката од шефот на државата.

Пендаровски одбележува дека клучните придобивки од договорот се „зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата“.

„Со него се поставија темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници“, додава претседателот Пендаровски.

Придобивките не престанале со смирувањето на вооружениот конфликт, вели тој, наведувајќи значителни придобивки што се остваруваат во годините и децениите потоа, меѓу кои, како најважна, ја посочува изградбата на функционална мултиетничка демократија.

В„о изминатите 21 година, меѓу другото и преку имплементација на Рамковниот договор станавме членка на НАТО, а, добивме статус на кандидат и ги отворивме преговорите со Европската Унија. Во тој процес изградивме модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците“, се вели во пораката на Пендаровски.

Претседателот на Северна Македонија нагласува дека во денешниот амбиент на војна на европска територија и постоечки, но и нови безбедносни закани, мора да се применува еден од основните принципи на Охридскиот рамковен договор – целосно отфрлање на насилството како средство за постигнување политички цели.

„Денес, кога сведочиме на војна на европско тло и кога живееме под притисокот на старите и новите безбедносни закани мораме секогаш пред очи да го имаме еден од основните принципи на Рамковниот договор со кој употребата на насилство заради постигнување на политички цели се отфрла целосно и безусловно, затоа што само политички решенија и дијалог можат да гарантираат стабилна и демократска иднина“, вели шефот на државата.

Претседателот Пендаровски поттикнува „Сите наши напори во иднина да ги насочиме кон многу посилен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...