fbpx

Заев: Нема да дозволам владата да ја срушат неколку криминалци, еден суетен новинар и – да ми извинат од ЛГБТ заедницата – еден педер

-

Премиерот Зоран Заев вчера излезе со многу нервозна и груба изјава – дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

– Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност – изјави Заев на одбележувањето 18 години од Охридскиот рамковен договор.

Прашан дали тоа подразбира и одговорност да понесе Катица Јанева, Заев рече дека истрагата треба да утврди се не само за неа, туку и за него

– За мене е идиотски настапот, засега согласно доказите кои што ги има. Очекувам доказите и истрагата да покажат за сè, вклучително и за Катица Јанева и за Зоран Заев и апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото – рече Заев во првиот јавен настап по годишниот одмор.

Неговата изјава предизвика бран реакции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...