fbpx

Почина Џејмс Пердју, еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор

-

Во средата, во 77 година од животот, почина Џејмс Пердју, американскиот дипломат кој помогна во склучувањето на Охридскиот договор во 2001 година и завршувањето на воениот конфликт, објавил весникот „Арканзесонлајн“, без детали за причината за неговата смрт.

Пердју на македонската јавност и е познат како еден од седумте потписниците на Охридскиот договор во август 2001 година, со кој заврши воениот конфликт во нашата земја. Покрај него, свои потписи на Охридскиот, на 13 август 2001 година, ставија и тогашниот претседател Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Франсоа Леотар.

Џејмс Пердју остави значаен нелег на Балканот, како дел од екипата на познатиот дипломат Ричард Холбрук, потоа како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година. Тој го претставуваше американскиот министер за одбрана на преговорите во Дејтон за иднината на БиХ, а беше и заменик-специјален советник на претседателот на САД за време на конфликот во Косово и имплементацијата на мировниот договор.

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон го именуваше Пердју за американски претставник за воена стабилизација на Балканот во 1997 година, со ранг амбасадор.

Од 2002 до 2005 година Пердју беше и амбасадор на САД во Бугарија.

Годинава Пердју остро ја критикуваше бугарската блокада на Македонија. За Дојче веле во јануари годинава тој изјави дека. „Националистите во Бугарија гледаа како Грција го користи своето членство во ЕУ за да изврши притисок врз Северна Македонија. И тие одлучија да ја спроведат истата стратегија. Но, времето за малтретирање на Северна Македонија заврши“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...