среда, 18 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: бизнисмен | 16 резултати

Бизнисменот и заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи почина од компликации од ковид-19

1 декември 2020

Заменик-градоначалникот и бизнисмен Енвер Малиќи починал како резултат од компликации од ковид-19. Малиќи беше сопственик на компаниите „Гемак трејд“ и на „Парк хотел и спа“, а водеше и бизниси и на Косово и Албанија преку неговата компанија „Гекос груп“. Малиќи во 2017 години беше назначен за заменик-градоначланик на Град Скопје, а во 2018 година стана […]

ОЦЦРП: Рускиот бизнисмен Иван Савиди стои зад немирите во Македонија за името

17 јули 2018

Откако премиерот Зоран Заев изјави дека дел од навивачката група Комити добивала пари од руски бизнисмен за да протестира против Договорот со Грција, Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) објави дека според документи од МВР рускиот бизнисмен Иван Савиди кој живее во Грција исплатил 300.000 евра на десетици македонски политичари, членови на […]

Јавноста исклучена, во судница се слушаат прислушувани разговори за „Поткуп“

12 април 2018

На судењето на случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, во судницата се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај, објави „Фокус“. Поради тајноста на овие докази, а на кои се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето. Засега е непознато […]

Љупчо Палевски – Палчо, по приведувањето ја мина ноќта во полициска станица

16 август 2017

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо, кој вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство, е задржан и сè уште се наоѓа во полициска станица, потврдуваат за „Мета“ извори од истрагата. Од СЈО за „Мета“ потврдија дека синоќа едно лице е приведено и задржано во полициска станица на барање на нивен обвинител, во рамките […]

Фабриката „Санос“ произведе автобуси за извоз во Казахстан

19 јули 2017

Фабриката за автобуси „Санос“ произведе пет автобуси за извоз во Казахстан, а вредноста на зделката изнесува 800.000 евра, информираа денеска од компанијата. Автобусите се целосно произведени во фабриката во Скопје, со вградени агрегати на германската компанија „Ман“. Од „Санос“ исто така информираа дека планирано е во Казахстан да бидат испорачани 70 автобуси. Фабриката „Санос“, поранешен […]

Српскиот бизнисмен Пецони e ранет во центарот на Белград

22 март 2017

Српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ – Пeцони вечерва е ранет во вооружена престрелка во хотелот „Праг“, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тој бил префрлен во клинички центар, но не е во животна опасност. Според неофицијалните информации, Ранковиќ седел во ресторанот на хотелот „Праг“ со група луѓе. Кон нивната маса пришол маж, кој почнал […]

Во МВР стасало решението за притвор за Сеад Кочан, се чека апсење

10 март 2017

Окулу еден часот, МВР го доби решението од Основен суд Скопје 1 со кое се наложува лишување од слобода на бизнисменот С.К., изјави за „Мета“ портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски. „Се наложува на овластените службени лица од МВР на РМ, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги, Одделение за потраги […]

Сеад Кочан пристигна на распит во судот за случајот „Труст“

2 март 2017

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, попладнево во 13 часот дојде во Кривичниот суд во Скопје. Тој и Василије Авировиќ се двајцата осомничени во случајот „Труст“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара од судот да им биде одредена мерка притвор. Бизнисменот Кочан во судот влезе на главниот влез, придружуван од адвокатот Никола […]

Почнува судењето на директорката на ММФ, Кристин Лагард

12 декември 2016

Денеска во Париз почнува судењето на генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, која е обвинета за небрежност во случај на арбитража, додека беше министерка за финансии на Франција, јавуваат светските агенции. Лаград, која е под истрага од 2014 година, најавила дека за време на судењето, кое треба да трае до 20 декември, […]

Кондоминас обвинет за затајување данок од 48 милиони евра

21 октомври 2016

Грчкото обвинителство поднесе кривична пријава против познатиот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас за даночно затајување и за финансиски криминал. Сопственикот на грчката телевизија „Алфа“ е обвинет за затајување данок во износ од 48 милиони евра и за перење пари во периодот од 2006 до 2008 година. Обвинителството една година вршело истрага за активностите и за имотната состојба на […]

Заев го доби судскиот спор со штипски бизнисмен кого го тужеше за клевета

1 октомври 2015

Бизнисменот Мики Наумов, кој пред неколку месеци тврдеше дека струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, му барал мито, е прогласен за виновен од штипскиот Основен суд и на Заев треба да му плати отштета од 150.000 денари. Наумов, против кого Заев поднесе тужба, е прогласен за виновен, бидејќи според судот, со клеветата му […]

Зел 3.000 евра од бизнисмен, лажејќи дека е висок службеник во УЈП

4 февруари 2015

Дваесет и седумгодишен скопјанец е осомничен дека лажно претставувајќи се како вработен на висока позиција во Управата за јавни приходи(УЈП), успеал од сопственик на тетовска фирма да земе 3.000 евра, ветувајќи му дека, наводно, ќе му помогне да го намири долгот за ДДВ и за персонален данок на рати и со отпис на сумата за […]

Страна 1 од 1