fbpx

Бугарски бизнисмен со криптовалути убиен и распарчен во Софија поради долг од 2.000 лева и пропаднат бизнис

Откако со тежок предмет го удрил по главата бизнисменот со криптовалути, убиецот го распарчил неговото тело и деловите ги фрлал во канализацијата

-

Долг од 2.000 евра и пропаднат бизнис-проект со криптовалути. Тоа се најверојатните причини за грозоморното убиство на 42-годишниот Кристијан Пеев кое се случило минатата седмица во Софија, известуваат бугарските медиуми.

Убиецот, кој е во притвор, откако со тежок предмет го удрил по главата бизнисменот со криптовалути, го распарчил неговото тело и деловите ги фрлал во канализацијата. Според досегашните сознанија, убиецот му бил должник на Пеев.

Злосторот е откриен во саботата, откако станарите во зградата каде што се случило убиството повикале екипа да интервенира на отпушување на канализацијата. Кога работниците дошле и ја отвориле шахтата пред зградата, во неа нашле парчиња од човечко тело.

Убиецот Веско Влчинов (31) имал помагач – 24-годишниот бармен Константин Суботинов – кој учествувал во обидот да се скријат трагите. Инаку, делови на телото на Пеев се пронајдени не само во шахтата, туку на уште неколку места низ Софија, но не е јасно дали во канализација или фрлени во контејнери за ѓубре.

Убиството се случило во центарот на Софија, на улицата „Г.С. Раковски“ ноќта меѓу 8 и 9 август.

„Зол, агресивен, одмаздник“ – така психолозите на бугарското МВР го окарактеризирале Влчинов.

Инаку, тој станал сомнителен на полицијата уште пред да бидат откриени телесните останки на Пеев. Имено, човек близок до убиениот пријавил дека Пеев исчезнал, по што, следејќи ги трагите за неговото движење, истражните органи утврдиле која била последната зграда во која влегол, а подоцна се дознало и дека бил заедно со Влчинов. Подоцна убиецот излегол сам од зградата, но потоа неколку пати се враќал, заедно со помагачот, барменот Суботинов.

Пеев, кој имал американско и бугарско државјанство, дипломирал на универзитет во САД и го создал своето богатство преку инвестиции во криптовалути.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...