сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: убиен | 41 резултати

„Убиен“ научник кој развивал вакцина за короната и свртени руски знамиња во лажните вести на Балканот

април 6, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Адвокатите во Србија една недела во штрајк поради убиството на нивни колега

јули 30, 2018

Адвокатите во Србија денеска почнаа еднонеделен целосен прекин на работата, поради убиството на нивниот колега Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, соопшти Адвокатската комора на Србија. Во соопштението се напоменува дека станува збор за целосен прекин на работата, што значи дека адвокатите нема да примаат ниту итни притворски предмети. Педесет и седумгодишниот Огњановиќ беше застрелан пред […]

Oсомничен со големо досие фрлил бомба кон полицајците, па бил убиен

јуни 4, 2018

При полициска акција за апсење, утрово во тетовското село Ларце бил убиен Ј.Р. (38) од селото Ларце. Тој пред да биде застрелан фрлил бомба кон полициските специјалци, соопшти МВР. Според полицијата, против сега убиениот во периодот од 2000 до 2016 година биле поднесени шест кривични пријави за вкупно 16 тешки форми на кривични дела. Бил […]

Еден полицаец е убиен, а четворица се ранети во пукање во Колорадо

декември 31, 2017

Еден полицаец е убиен, а четворица се ранети во пукање во американската сојузна држава Колорадо, пренесуваат медиумите во САД. Полицајците настрадале додека интервенирале по пријава за семејно насилство. Локалните власти потврдија дека во вооружениот инцидент се ранети и двајца цивили. Осомничениот за нападот е убиен. Пукањето се случило во комплекс апартмани во Хајлендс ранч, јужно […]

Приведени уште четири лица за убиството на 24-годишниот чаирчанец

декември 27, 2017

Полицијата денеска извршила претреси и привела уште четири лица за убиството на 24-годишниот Б.И. кој беше застрелан на автобуска постојка на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир пред една седмица, велат од МВР. Во претходната ваква акција, ден по убиството, беа приведени три лица и беше пронајден автомобилот „југо“ во кој биле убијците.

Струмичанецот што смртно го рани ловецот се обидел да ги скрие трагите

декември 10, 2017

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднесе кривична пријава за тешки дела против општата сигурност против З.Ј (38) од Струмица, во врска со смртта на ловецот кој беше смртно застрелан завчера во близина на браната Водоча. Додека пријавениот со уште седум лица бил на лов, завчера околу 13.50 часот на местото викано „Медев […]

Убиен маж во пукање во Топанско Поле

ноември 25, 2017

Во престрелка што се случила во 22.30 часот вчера, во населбата Топанско Поле, близу супермаркетот „Принц“, еден 35-годишник го загубил животот, а еден 52-годишник добил тешки повреди. Во инцидентот на улицата Лазо Трповски, животот го загубил И.А од селото Блаце, а повредениот Љ.Ќ. живеел недалеку од местото на инцидентот, на улицата Дижонска. Тој е пренесен […]

ВМРО-ДПМНЕ: Убијците на Мартин Јанушев имаат заштита од највисокиот врв на власта

ноември 17, 2017

„Никој 15 дена не знае ни каде се наоѓа, ни кој му помогнал да избега на убиецот на Мартин Јанушев. Така е затоа што очигледно криминалците инволвирани во оваа егзекуција имаат заштита од највисокиот врв на власта. Така е затоа што криминалците беа ослободувани и обработуваа за СДСМ и сега институциите се блокирани и не […]

ВМРО-ДПМНЕ: Цели три дена не е фатен убиецот на фудбалерот, исчезна и Спасовски

ноември 5, 2017

„Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да избега и да стигне каде сака! Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да се засолни каде било, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице“, порача Александар Нацев на партиска прес-конференција […]

Мажот застрелан во Аеродром, во болница бил донесен мртов

ноември 3, 2017

Мажот што денеска околу 17.40 часот бил застрелан со огнено оружје во скопската населба Аеродром, во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ бил донесен мртов, информираше Министерството за здравство. Потоа лекарите се обидувале да го реанимираат цели 40 минути, но тоа било безуспешно, па била констатирана смрт, известија од министерството. Како што извести МВР, […]

Еден убиен и тројца повредени во пукање пред ноќен клуб во Берлин

септември 16, 2017

Едно лице е убиено, а три се повредени во пукотници што ноќеска се случиле пред ноќен клуб во Берлин, јавуваат светските медиуми. На пукањето му претходела расправија во близина на ноќниот клуб во берлинскиот кварт Ноехохешонхаузен. Засега не се познати мотивите за расправијата и за пукањето, а нема информации од полицијата ниту за идентитетот на […]

Македонски Австралиец убиен во ресторан во Мелбурн, напаѓачите избегале

септември 9, 2017

Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачка на забава во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, јавуваат австралиските медиуми. Несреќниот настан се случил во ресторанот „Корзо грил“ во Каролин Спрингс, во раните утрински часови во саботата. Полицијата соопшти дека групата избегала од местото на настанот. Групата заминала пеш од македонскиот ресторан […]

Убиен главниот осомничен за нападот во Барселона, потврди полицијата

август 21, 2017

Шпанската полиција потврди дека го убила 22-годишниот Јунес Абујакуб, главниот осомничен за терористичкиот напад во центарот на Барселона, во кој загинаа 13 лица, а над 100 беа повредени, јавуваат светските агенции. Абујакуб е осомничен дека го возел белото комби кое влета во маса луѓе на улицата Ла Рамбла. Претходно, полицијата соопшти дека застрелала едно лице […]

Полицијата убила едно лице во потрагата по напаѓачот од Барселона

август 21, 2017

Во потрагата по главниот осомничен за нападот во Барселона, шпанската полиција денеска убила едно лице во близина на Барселона, кое наводно носело појас со експлозив, пренесува „Би-би-си“, повикувајќи се на шпанските медиуми. Пукањето се случило на пат во областа Субиратс, оддалечена околу 40 километри од Барселона, каде во четвртокот, минатата недела, во терористички напад беа […]

Светскиот шампион во кревање тегови Андреј Драчев убиен во тепачка со шампион на ММА

август 21, 2017

Светскиот првак во дигање тегови, Русинот Андреј Драчев го загуби животот вчера претпладне во договорена тепачка во рускиот град Хабаровск. Тој се тепал пред едно кафуле во центарот на градот со шампионот во ММА, Анар Алакверанов. Како што пренесуваат руските медиуми, до тепачката дошло откако двајцата „борци“ во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е […]

Јавно обвинителство подигнало траги од местото на убиството на Лека

август 15, 2017

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од Полициската станица во Струга извршиле увид на местото на убиството на Дилавер Бојку – Леку. Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга, соопштуваат од […]

Автомобил покоси група луѓе во Хелсинки, еден загина, четворица се повредени

јули 28, 2017

Во тешка несреќа што се случи во центарот на Хелсинки, главниот град на Финска, попладнево еден човек го загуби животот, а четири лица се пренесени во болница со повреди. Другите повредени добиле прва помош на местото на несреќата. Инцидентот се случил на раскрсница во центарот на градот кога автомобил управуван од маж кој бил под […]

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

јули 27, 2017

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково. Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин […]

Момче убиено на свадба во Липково

јули 26, 2017

На свадба во кумановското село Липково вчеравчер бил застрелан 19-годишен германски државјанин, кој од добиената повреда починал во Медицински центар Куманово, соопшти СВР Куманово. Момчето кое имало потекло од Прешево, Србија, било донесено околу 23.30 часот во кумановската болница, со прострелна рана на левата страна на градниот кош. Со полицискиот увид било констатирано дека околу […]

Најмалку 15 повредени при напад со нож во метро во Техеран

јули 15, 2017

Најмалку 15 луѓе се повредени откако маж почнал да напаѓа со нож во метро на станицата Реј во предградие на Техеран, јавија иранските медиуми. Еден од повредените бил муслимански свештеник, а според извештаите, нападот почнал по кавга меѓу имамот и напаѓачот, за кого се вели дека бил психички нестабилен. По нападот, патниците се судриле со […]

Страна 1 од 2