fbpx
Таг: убиен

таг: убиен

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково. Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин на Република Германија. Почната е истражна...

Момче убиено на свадба во Липково

На свадба во кумановското село Липково вчеравчер бил застрелан 19-годишен германски државјанин, кој од добиената повреда починал во Медицински центар Куманово, соопшти СВР Куманово. Момчето кое имало потекло од Прешево, Србија, било донесено околу 23.30 часот во кумановската болница, со прострелна рана на левата страна на градниот кош. Со полицискиот увид било констатирано дека околу 22.45 часот, додека момчето и...

Најмалку 15 повредени при напад со нож во метро во Техеран

Најмалку 15 луѓе се повредени откако маж почнал да напаѓа со нож во метро на станицата Реј во предградие на Техеран, јавија иранските медиуми. Еден од повредените бил муслимански свештеник, а според извештаите, нападот почнал по кавга меѓу имамот и напаѓачот, за кого се вели дека бил психички нестабилен. По нападот, патниците се судриле со напаѓачот, а полицијата била принудена да...

Исламска држава потврди дека Багдади е мртов и дека имаат нов калиф

Исламска држава наводно потврдила дека нејзиниот досегашен лидер Абу Бакр ал Багадади е убиен, пренесува телевизијата „Ал Сумарија“. Мрежата се повикува на извор од Ирак, кој тврди дека ИД составила кратко соопштение во кое објавува дека Багдади е мртов, како и дека имаат нов калиф, но неговото име не е објавено. Руското министерство за одбрана минатиот месец објави непотврдени информации дека во...

Срби и Грк претепале до смрт американски турист на Закинтос

Американски турист починал како резултат на повредите добиени од претепувањето од страна на српски туристи и на еден Грк. Нападот се случил во кафе-бар на грчкиот остров Закинтос, а му претходела расправија меѓу група Американци и група Срби. И двете групи биле под дејство на алкохол. Околу 3.15 часот денеска, близу локалот „Бар код“ во Лаганас, српските гости заедно со...

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек е операција на француските безбедносни...

Убиениот напаѓач од аеродромот „Орли“ бил на листата на радикализирани поединци

Напаѓачот кој денеска беше убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, бил на листата на радикализирани поедници и имал долго криминално досие, вклучувајќи и пресуди за вооружено разбојништво, соопштиле француските власти, пренесува „Би-би-си“. Тој беше застрелан и убиен од француските безбедносни сили, откако се обидел да одземе пиштол од припадничка на воена патрола на јужниот терминал на аеродромот. Станува збор за 39-годишен...

Маж убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, откако одзел пиштол од војник

Француските безбедносни сили утрово застрелале и убиле маж на парискиот аеродром „Орли“, откако тој посегнал и му го зел пиштолот на војник, соопштиле француските власти, јавува „Би-би-си“. Делови од аеродромот биле веднаш евакуирани, а безбедносните операции по инцидентот продолжуваат и понатаму. Во нив, како што пренесува британскиот национален сервис, биле вклучени и експерти за деактивирање на експлозивни направи. https://twitter.com/tobi_grimm/status/843018615020490753 Минатиот месец, во...

Потстанар пронајден убиен во стан во Прилеп

Маж на возраст од 65 години вчера бил пронајден мртов, со убоди на градите и на грбот, во стан во кој бил потстанар, соопшти СВР Битола. Сопственикот на станот, 53-годишниот М.М., вчера, во 13 часот, отишол во полициската станица Прилеп и побарал полициска екипа заедно со него да влезе во станот, оти нешто му било сомнително. Потоа, во присуство на полицајци и...

Маж убиен во продавница во крушевското село Свето Митрани

Маж на возраст од 44 години бил убиен утрово во продавница во крушевското село Свето Митрани, а едно лице е приведено во врска со случајот, извести Основното јавно обвинителство - Прилеп. Телото било пронајдено во продавница во селото, а имало две прострелни рани во градниот кош. Настанот е пријавен во крушевската полиција, а потоа увид на местото извршиле дежурен јавен обвинител...

Пронајден мртов бездомник во Битола, најверојатно е убиен

Основното јавно обвинителство од Битола отвори случај за бездомник кој е пронајден мртов во руинирана куќа во Битола. Според соопштението, надлежен обвинител, заедно со екипа од МВР, извршил увид во куќата, при што на мртвото тело се констатирани траги на насилство. Случајот е пријавен од друг бездомник, кој живеел во руинираната куќа заедно со починатиот. По наредба на јавниот обвинител, извршен е...

Престрелка на аеродромот во Оклахома, убиен еден вработен

Едно лице е убиено во пукање на главниот аеродром во Оклахома Сити, „Вил Роџерс“, поради што е прекинат авионскиот сообраќај. Американските медиуми јавуваат дека престрелката настанала на паркиралиштето и оти убеиниот бил вработен на аеродром. Претставници на полицијата рекоа дека сите околни улици се блокирани и ги предупредија жителите да го избегнуваат тој дел од градот. Според последните информации, осомничениот напаѓач...

Убиен напаѓачот што пукаше во кино во Германија

Маскираниот напаѓач кој попладнево пукаше во кино-комплексот во Виернхајм, близу Франкфурт, е убиен откако бил застрелан од специјалните единици на германската полиција, соопшти министерството за внатрешни работи на сојузната држава Хесен. „Проценките на полицијата беа дека вооружениот маж држи заложници поради што беше застрелан и убиен“, изјавил министерот за внатрешни работи на Хесен, Петер Бут, додавајќи дека нема други повредени...

Убиен лидерот на авганистанските талибанци во напад на американски дрон

Водачот на авганистанските талибанци, Мула Актар Мансур е убиен во напад на американско безпилотно летало. Смртта на Мансур, како што јавуваат светските агенции, денеска ја потврдил и талибанскиот командант Мула Абдул Рауф, кој рекол дека водачот бил убиен во петокот вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан. Неименуван службеник на САД, синоќа соопштил дека лидерот на талибанците најверојатно е...

Обвинителството отвори истрага за престрелката на патот Струга – Долна Белица

Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истрага против пет лица осомничени за престрелката што се случи вечерта на 13 декември, на локалниот пат Струга - Долна Белица, во која едно лице беше убиено, а две беа ранети, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Лицата се товарат за убиство од член 123 и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или...

Еден убиен и двајца ранети во престрелка во Струшко

Основното јавно обвинителство Струга почнало истрага за вооружена престрелка која синоќа, околу 22 часот, се случила на локалниот пат Струга - Долна Белица, во која едно лице е убиено, а две се тешко повредени и пренесени во болница, соопшти утрово Јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство Струга изврши увид на местото на настанот, кој се случи вчера, околу 22 часот, на локалниот...

Коалициските сили денеска извеле 23 напади врз позиции на ИД во Ирак и во Сирија

Коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) денеска извршиле 18 воздушни напади на позиции на Исламска држава (ИД) во Ирак и на пет во Сирија, соопшти командата на здружените сили, јавуваат светските агенции. Според информациите, во Ирак биле гаѓани девет градови, вклучувајќи ги Синџар, Мосул, Кисик и Рамади. Во нападите било уништено тешко оружје, борбени позиции и возила на...

Идентификуван напаѓачот кој уби едно и рани три лица на колеџ во Аризона

Властите на сојузната американска држава Аризона соопштија дека вооружениот напаѓач кој денеска уби едно и рани уште три лица на Универзитетот „Северна Аризона“ во Флагстаф е идентификуван како Стивен Џонс, 18-годишен бруцош на Универзитетот, јавуваат медиумите во САД. Според информациите, Џонс извадил пиштол по расправија со неколку студенти на паркиралиште во кампусот и почнал да пука. Тројцата ранети студенти, со...

Уште еден Албанец од Македонија загинал на боиштата во Сирија

Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, пишува „Утрински весник“ на својата интернет-страница, повикувајќи се на медиуми на албански јазик. Станува збор за Садик Џемаили (25) од гостиварското село Здуње. Тој последен пат ја минал границата на Македонија во септември минатата година, кога се претпоставува дека заминал и им се приклучил на милитантите на Исламска држава. Садик...

Убиен најпознатиот балкански џихадист

Најпознатиот балкански џихадист, Лавдрим Мухaџери, е убиен за време на борбите со курдските сили во Кобане, јави новинарката на британски „Сандеј тајмс“, Хала Џабер. Абу Абдула Косово, како што гласи военото име на Мухaџери, е убиен во неделата, за време на жестоките борби на курдските борци и на единиците на Исламската држава во Кобане. Курдските извори, претходно, двапати тврдеа дека Муџахери...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...