Адвокатите во Србија денеска почнаа еднонеделен целосен прекин на работата, поради убиството на нивниот колега Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, соопшти Адвокатската комора на Србија. Во соопштението се напоменува дека станува збор за целосен прекин на работата, што значи дека адвокатите нема да примаат ниту итни притворски предмети.
Педесет и седумгодишниот Огњановиќ беше застрелан пред влезот на зградата во која живееше во Нов Белград. При нападот е ранет и неговиот 26-годишен син. Во текот на својата кариера Огњановиќ им беше адвокат на водачот на „Земунскиот клан“, Лука Бојовиќ, на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал, како и на неговата сопруга Мира Марковиќ.

Поврзани написи
Дојави за поставени бомби во објекти на српски јавни сервиси
Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објекти на Кошутњак, а дојави за бомби имало и во Радио телевизија Војводина во Нови Сад, информира Н1.
Двете...
Обвиненија за родителите на малолетникот што уби 10 луѓе во основно училиште во Белград
Против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на 13 годишникот којшто на 3 мај годинава изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на главниот град...
Активистка во Белград казнета поради фрлање јајца на муралот на Ратко Младиќ
Антивоената активистка Аида Ќоровиќ во вторникот доби парична казна од 100.000 динари (речиси 52.600 македонски денари) од Прекршочниот суд Белград, поради фрлање јајца врз муралот со Ратко Младиќ, односно,...

Нашите вести во вашето сандаче
Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Зеќири осуден на две и пол години затвор, треба да врати 1,1 милиони евра
Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Toj треба да врати и над 71...