недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: адвокат | 29 резултати

Топалоски се премисли: Не сум видел пиштол, поради стресот сум помислил дека Нефи има пиштол

август 22, 2020

Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од новата изјава на охриѓанецот Спирко Топалоски, кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини. Во соопштение од неговиот адвокат, Топалоски ја менува првичната изјава. […]

Одложено судењето на двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип

април 23, 2020

Во Основниот суд во Штип денеска не започна судењето на двајцата млади штипјани, кои македонската јавност ги виде во неодамна објавената видео-снимка, како тепаат девојка во влез во зграда. Судењето е одложено за вторник, 28 април, по барање на адвокатот Валентин Зафиров од Велес, кој не успеал да оствари контакт со неговите клиенти, туку го […]

Адвокатите во Србија една недела во штрајк поради убиството на нивни колега

јули 30, 2018

Адвокатите во Србија денеска почнаа еднонеделен целосен прекин на работата, поради убиството на нивниот колега Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, соопшти Адвокатската комора на Србија. Во соопштението се напоменува дека станува збор за целосен прекин на работата, што значи дека адвокатите нема да примаат ниту итни притворски предмети. Педесет и седумгодишниот Огњановиќ беше застрелан пред […]

Адвокатот Миланов казнет со 1.000 евра зошто не се појави на судењето за „Титаник 3“

април 27, 2018

Судијката Оља Ристова го казни адвокатот Еленко Миланов со 1.000 евра бидејќи не се појави на судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ во Основен суд Скопје 1. Освен 1.000 евра, Миланов треба да ги надомести трошоците за денешното закажано рочиште. Специјалното обвинителство изрази сомнеж за оправданоста на причините за денешното одлагање. Обвинителката Фатиме Фетаи […]

Адвокатот Сашо Дукоски поднел иницијатива до Уставниот суд за Законот за амнестија

февруари 6, 2018

Адвокатот Сашо Дукоски денеска поднел иницијатива во Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за амнестија. Според Дукоски, Законот е неуставен бидејќи во него е наведено за кои кривични дела се однесува амнестијата, а за кои не, со што, вели адвокатот, се крши уставното начело за еднаквост на граѓаните пред уставот и законите. „Денеска […]

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Рашковски молчи и зошто не поднесува оставка

октомври 5, 2017

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, молчи и не одговара до кога планира да го крши законот и зошто не поднесува оставка, бидејќи е незаконски да се биде генерален секретар на влада, а во исто време и претседател на собрание на акционери на „Македонски телеком“ за хонорар од 500 евра по одржана седница, се вели […]

Шврговски ќе му биде адвокат на Мијалков во предметите на СЈО

јуни 14, 2017

Поранешниот државен обвинител Љупчо Шврговски ќе му биде адвокат на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, во неколку предмети на СЈО – „Таргет“, „Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“, потврдил Шврговски за телевизија „Телма“. Одбраната на обвинетите од СЈО ќе се дополни и со други познати адвокатски имиња, но засега никој официјално не ја потврдува информацијата дека […]

Врховниот суд повторно ја одложи седницата за „Монструм“, еден од адвокатите бил болен

јуни 8, 2017

Јавната седница на Врховниот суд на која треба да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, а која беше закажана за утре, повторно е одложена, овојпат на барање на еден од адвокатите, кој бил болен. Претходно седницата требаше да се одржи на 30 мај, но петчлениот Кривичен совет на Врховниот […]

Со нож нападнат адвокат во неговата канцеларија во центарот на Тетово

април 18, 2017

Со нож бил нападнат 51-годишниот адвокат Бујар Сабриу. Нападот се случил во неговата адвокатска канцеларија, сместена на првиот кат од градскиот трговски центар во Тетово. Осомничен за нападот е 72-годишниот В.А. – Осомничениот напаѓач околу 12 часот влегол во канцеларијата каде работел адвокатот. Меѓу нив првин почнала вербална расправија. Во еден момент напаѓачот извадил нож и […]

Љупчо Шврговски ќе го брани Бобан С. за кражбата на 3 милиони евра од НЛБ

април 18, 2017

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврди самиот Шврговски. – Да, јас сум му адвокат – ни рече Шврговски, но не сакаше да коментира ништо во врска со случајот. Бобан С., осомничениот за најголемата […]

Груевски не се појави на суд, одложено рочиштето за „Шамари“

март 10, 2017

Денешното рочиште од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година повторно се одложи, бидејќи во судницата не се појавија поранешниот премиер и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и другите 13 обвинети во случајот што го отвори СЈО. На рочиштето повторно дојде до мала расправија помеѓу обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, […]

„Политико“: Рорабакер е омилениот конгресмен на Путин

февруари 8, 2017

„Ова лето (2016 година, н.з.) републиканцот Дана Рорабакер искористил информација што ја дoбил директно од руската влада за да промовира еден од главните приоритети на претседателот Владимир Путин: отстранувањето на името на рускиот адвокат Сергеј Магнитски од глобалниот антикорупциски закон“. Вака почнува текстот со наслов „Омилениот конгресмен на Путин“ на американскиот интернет-магазин „Политико“, објавен на […]

Судот го отфрли обвинението против адвокатот Стеваноски и за графитот „Кај ви е хилтата?“

февруари 3, 2017

Основниот суд Прилеп го отфрлил и второто обвинение против адвокатот и еден од водачите на „Шарената револуција“ во градот, Жарко Стеваноски, поради испишувањето на графитот „Кај ви е хилтата?“ на асфалтот пред старата зграда на Општина Прилеп на 18 мај минатата година, пренесува порталот „Публикум“. Прилепската полиција го товареше Стеваноски дека графитот што го испишал на […]

Омбудсманот Саша Јанковиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија

декември 26, 2016

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на Србија, кога ќе бидат распишани изборите, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. – Ќе бидам кандидат на граѓаните. Како и досега, ќе си ја работам својата работа строго според законите и Уставот. Во Србија треба да постои ред, а не неизвесност […]

Седницата на ДИК го одложи рочиштето против Заев во кумановскиот суд

декември 15, 2016

Во Основниот суд Куманово денеска се одложи рочиштето од судскиот процес што се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на општинската организација на партијата, Мартин Костовски, и против СДСМ како партија, а по приватна тужба од генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски, поради дел од објавените прислушувани разговори, пишува порталот „Кумановски муабети“. Рочиштето […]

Затворениците бараат Иванов и нив да ги помилува

април 19, 2016

Речиси 2.000 затвореници од машкиот и од женскиот оддел на КПД „Идризово“, но и од штипскиот затвор, со заедничко писмо и со барање преку адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ побараа од шефот на државата, Ѓорге Иванов, да бидат помилувани, објави „Плусинфо“. Иако писмото денеска и официјално ќе биде доставено до кабинетот на Иванов, се очекува […]

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

март 24, 2016

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција […]

Иницијативата до Уставниот суд ја поднел охридскиот адвокат Китески

февруари 25, 2016

Иницијативата за амнестирање на лица инволвирани во изборни нерегуларности формално ја покренал младиот адвокат од Охрид, Ристо Китески, кој за порталот „Охрид њуз“ вели дека стои зад барањето поднесено пред Уставниот суд. Тој вели дека иницијативата е лично негова и дека не гледа ништо спорно во неа. – Иницијативата за измени во Законот за помилување до […]

Протести во Истанбул по убиството на про-курдскиот адвокат Тахир Елчи

ноември 28, 2015

Над 2.000 луѓе попладнево се собрале во центарот на Истанбул на протестти поради убиството на истакнатиот про-курдски адвокат Тахир Елчи, кој беше застрелан денеска во градот Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавуваат светските медиуми. Бројот на демонстранти кои пристигаат во центарот на Истанбул, како што пренесува „Раша тудеј“ постојано се зголемува, а полицијата се обидува […]

Законот за специјален обвинител на Уставен суд?

октомври 14, 2015

Уставниот суд на Република Македонија примил иницијатива за оцена на уставноста на законот за специјално обвинителство, дознава „Алсат М“ од неофицијални извори. Иницијатавата е стигната или денеска или во претходните неколку дена. Тоа значи дека, барем потенцијално, се отвора можност делови или целиот закон со кој беше избрана Катица Јанева да биде прогласен за неуставен, а со […]

Страна 1 од 2