fbpx

Заев го доби судскиот спор со штипски бизнисмен кого го тужеше за клевета

-

Бизнисменот Мики Наумов, кој пред неколку месеци тврдеше дека струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, му барал мито, е прогласен за виновен од штипскиот Основен суд и на Заев треба да му плати отштета од 150.000 денари.

Наумов, против кого Заев поднесе тужба, е прогласен за виновен, бидејќи според судот, со клеветата му нанел повреда на угледот и на честа на лидерот на СДСМ. Штипскиот бизнисмен Мики Наумов пред неколку месеци, во изјава за неколку провладини телевизии, го обвини Заев дека откако дошол на позицијата градоначалник на Струмица, од него побарал 39.000 евра за да му даде атрактивен простор во „Глобал“. Пресудата е неправосилна.

Заев, за време на денешната посета на Штип, изјави дека пресудата е почеток на враќање на довербата на граѓаните во судството.

– Ова е надеж дека има иднина во нашето правосудство, дека правдата може да се достигне. Драго ми е дека има брза пресуда, бидејќи се работи за едноставна пресуда – рече Заев.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...