Руски воени авиони денеска бомбардирале нови пет позиции на милитантите на Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти руското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции.
Портпаролот на министерството, Игор Конашенков, денеска изјавил дека борбени авиони од типот „сухој“ извршиле осум летови и нападнале пет позиции на ИД, додавајќи дека воздушните удари врз милитантната група ќе продолжат.
Информацијата ја потврдил и амбасадорот на Сирија во Москва, Ријад Хадад, според кој, нападите се вршат по координати што ги дава сириска војска, далеку од населените области.