вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Сирија | 733 резултати

Израел го нападна штабот на сириската војска во Дамаск

16 јули 2025

Израел го бомбардираше влезот на сирискиот воен штаб во Дамаск во среда, во значајна ескалација на својата кампања на воздушни напади во соседната земја, пренесува Фајненшл Тајмс. Израелската војска, исто така, изврши напади во јужна Сирија, каде што насилството меѓу милитантите од Друзите и бедуинските племиња се разгоре во последните денови, при што загинаа десетици […]

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

9 декември 2024

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се откриваат луѓе чувани во подземни ќелии. Меѓу нив има на мајки со мали деца. Ослободувањето на затворениците се споделува преку видеа на Здружението на […]

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

8 декември 2024

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец, пишува Ројтерс. Бунтовниците во изјава наведоа дека го слават „ослободувањето на затворениците“ од воениот затвор „Седнаја“, симбол на режимот на Асад. Затворот се наоѓа […]

Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

8 декември 2024

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. „Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и […]

Главниот граничен премин меѓу Сирија и Либан обемно бомбардиран од Израел

4 октомври 2024

Граничниот премин „Маснаа“, меѓу Сирија и Либан, е сериозно оштетен од израелско бомбардирање, соопштија Обединетите нации (ОН), а пренесува Гардијан. Метју Холингворт, директорот на Светската програма за храна на ОН во Либан, вели оти штетата на патот сериозно го отежнува патот за граѓаните на Либан кои бегаат од војна. „Дополнително, ова значи дека добрата што […]

14 загинати и 43 ранети во израелски воздушен напад врз Сирија

9 септември 2024

Во серија израелски напади биле погодени повеќе области во централна Сирија, пренесува „Гардијан“. Сириските државни медиуми утрово објавија дека во израелските напади во текот на ноќта загинале најмалку 14 лица во централната провинција Хама. „Бројот на жртви како резултат на израелската агресија на голем број локации во околината на Масјаф се искачи на 14 жртви […]

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

29 март 2024

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени, но, според британската хуманитарна организација „Набљудување на сириски човекови права“, има најмалку 40 жртви. Хезболах вели дека најмалку 36 сириски војници и шест членови на […]

САД лансира дополнителни напади врз Јемен

5 февруари 2024

САД лансираше нови воздушни напади врз Јемен. Беа таргетирани воени цели поврзани со Хути, воената организација која го контролира поголемиот дел од Јемен, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Овие напади доаѓаат само неколку дена по масовните напади на САД и Обединетото Кралство врз Јемен во саботата. Од Обединетото Кралство тврдат дека нападите биле чин на самоодбрана, […]

САД лансира воздушни напади во Ирак и Сирија како одговор на нападот на американска база во Јордан

3 февруари 2024

Соединетите Американски Држави лансираа воздушен напад на повеќе од 80 воени цели во Ирак и Сирија кои се поврзани со паравоени сили поддржани од Иран, пренесува Гардијан. „Овие напади започнаа вечерва. Тие нема да завршат вечерва. Ќе преземеме и дополнителни активности, сите со цел да ставиме крај на овие напади и да се намалат капацитетите […]

Пакистан со одмазднички напади врз Иран, загинаа седум лица

18 јануари 2024

Пакистан изврши одмазднички ракетни напади врз Иран, при што наводно загинале седум лица, јавуваат светските медиуми, откако во вторникот Иран изврши напади врз Пакистан. Пакистан соопшти дека нападите погодиле „терористички засолништа“ во иранската провинција Систан-Балучестан, пренесува Би-би-си. Убиени биле три жени и четири деца, соопшти иранската државна телевизија. Реципрочните напади доаѓаат во време на зголемени […]

Израел ќе повлече дел од своите војници од Газа

2 јануари 2024

Израелската влада најави дека ќе повлече дел од своите војници од Газа, известува Гардијан. Најголем дел од војниците кои ќе бидат повлечени доаѓаат од повеќе од 300.000 резервисти кои беа регрутирани за војната. Целта е да се „реенергизира“ израелската економија. Дополнително, ваквата одлука е дел од менувањето на фокусот на израелската офанзива кон попрецизни операции […]

Климатските промени ја интензивирале сушата во Сирија, Ирак и Иран

9 ноември 2023

Климатските промени ја влошиле сушата која ги зафати Сирија Ирак и Иран последните три години и значајно ја зголемиле веројатноста ваквата суша да се случи, заклучува нова студија. Од 2020 година, во регионот е забележано пониско ниво на дожд, што довело до внатрешно раселување на населението, како и уништени посеви. Како последица, постои неконзистентно снабдување […]

САД бомбардираше две складишта со муниција во Сирија како одговор на напади на американски бази

27 октомври 2023

САД утрово лансираше воздушен напад на две складишта за муниција и оружја во Сирија. Овој напад следи по низата напади од страна на паравоени формации поддржани од Иран и од Иранската револуционерна гарда на американски бази во Сирија и Ирак, известува Асошиејтед прес. Од САД тврдат дека нападот е одговор на нападите на американските бази […]

Кривична пријава за тројца македонски државјани, се приклучиле на ИСИС

12 мај 2023

Во рамките на глобалната борба против тероризмот полицијата приведе тројца македонски државјани, на кои им е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “служба во непријателска војска”, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие, како што кажаа од МВР, се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава (ИСИС) на територијата на Сирија во […]

Нов земјотрес во Турција со јачина од 6,3 степени по Рихтер

20 февруари 2023

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција во близина на сириската граница доцна попладнево, предизвикувајќи паника и дополнителна штета две недели по најсилниот земјотрес во модерната историја во земјата, со повеќе десетици илјади жртви, објави Ројтерс. Според сведочењата на новинарите потресите биле силни и долготрајни, оштетувајќи згради и оставајќи […]

По 13 дена под урнатини, во Турција спасени три лица, меѓу кои и дете

18 февруари 2023

По 13 дена поминати под урнатини, во Антакија се спасени три лица, меѓу кои и дете. Тие поминале 296 часа заробени во срушена зграда, по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 Февруари, јави турската новинска агенција Анадолија. Во двата земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега […]

Дивата депонија со линдан кај Пеленица во фокус на новата епизода на „Шорткат“

16 февруари 2023

Опасноста која демне од третата дива депонија со линдан од ОХИС, лоцирана на местото Пеленица во близина на скопската населба Драчево е главната тема која ја третираме во 73-тата епизода на емисијата „Шорткат“. Ја пренесуваме сликата од оваа депонија каде се складирани огромни количини токсичен отпад без никаква заштита. Во новите вести за млади информираме […]

Верска пропаганда која му се заканува на Косово

16 февруари 2023

Опасните содржини кои промовираат политички ислам, верски екстремизам, вклучително и „света војна“ (џихад) за создавање на исламска држава и непочитување на уставот на земјата, и натаму се присутни на стотици веб-страници на албански јазик, пренесува на македонски „Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   KALLXO.com, во своето истражување спроведено за Центарот против дезинформации на […]

Земјотресите во Турција и Сирија не се предизвикани со ХААРП

15 февруари 2023

По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, на социјалните мрежи се појавија нови теории на заговор кои без никакви докази инсинуираат дека катастрофалниот земјотрес бил на вештачки начин создаден од САД со користење на ХААРП технологија. Наспроти ваквите тврдења, ХААРП е програма која ги истражува својствата и однесувањето на јоносферата, а научниците и метеоролозите велат […]

Страна 1 од 37