fbpx

По 7 дена под урнатините спасена 40-годишна жена, бројот на загинати се искачи на речиси 33.200

-

Спасувачките екипи утрово извлекоа 40-годишна жена од урнатините на зграда во градот Ислахије, во турската провинција Газиантеп. Жената преживеала приклештена во кршот цели 7 дена по најсилните земјотреси што што минатиот понеделник ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, и покрај температурите што често беа под нулата, јави Асошиејтед Прес (АП).

Покрај двата разурнувачки земјотреси, со магнитуда од 7,8 и 7,5 степени, имаше близу до 1.000 последователни потреси што го уриваа она што не паднало во најсилните удари.

Најмалку 131 лица се под истрага поради неквалитетно градење или дозволување да се изигруваат законите.

Трагичниот биланс на загинатите досега изнесува 33.185, но се очекува бројката значително да расте, бидејќи постојано тимовите за потрага и спасување од Турција и многу други земји, меѓу кои и од Македонија, главно извлекуваат мртви тела од урнатините.

Четириножните „војници“ на АРМ неуморно работат на откривање преживеани во Караманмараш [ГАЛЕРИЈА]

Случајот на Сибел Каја (40) што беше утрово спасена од урнатата 5-катна зграда, по 170 часа минати во кршот, сепак, е еден од позитивните примери. Друг таков е 60-годишната Еренѓул Ондер, која беше извлечена кратко време пред Каја, во градот Бесни, во турската провинција Адијаман.

Еден од највоодушевувачките примери е оној на 33-годишната Неџла Џамуз, која се породила на 27 јануари, а во големиот земјотрес што удри во 4.17 часот наутро минатиот понеделник останала затрупана со своето новороденче цели 90 часа. Неџла и нејзиниот маж и постариот син живееле на вториот кат на модерна 5-катна зграда во градот Самандаг во провинцијата Хатај.

Таа минала повеќе од 4 дена во целосна темница, не знаејќи ништо друго за никого, освен дека бебето Јагиз (Храбар, на македонски) е со неа. Без храна и вода, таа го доела новороденчето, а се обидувала и самата да посмука од градите, но тоа било без успех, пишува Би-би-си.

Откако по 90 часа во кршот била извлечена со живото новороденче, првата работа што сакала да ја дознае било дали нејзиниот сопруг Ирфан, со кого биле шест години во брак, и 3-годишниот син Јигит Керим се живи. На нејзина огромна радост, ѝ кажале дека и двајцата се живи, но за жал со тешки повреди на нозете и стапалата.

Спасувањето дојде во услови на зголемена фрустрација поради одговорот на турската влада на земјотресот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно во текот на неделата потврди дека првичниот одговор бил отежнат од големата штета на патиштата и другата инфраструктура што го отежнувала достигнувањето на некои точки.

Тој, исто така, рече дека најпогодената област е со дијаметар од 500 километри и е дом на 13,5 милиони луѓе во Турција. Тоа значеше дека спасувачките екипи мораа да изберат како и каде да помогнат. За време на посетата на градовите оштетени од земјотресот во саботата, Ердоган рече дека катастрофа од ваков обем е ретка и повторно ја нарече „катастрофа на векот“.

Сè уште се извлекуваат преживеани од земјотресот: „Си реков дека сум мртов“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...