Седум лица преживеале под урнатините осум дена по земјотресот во Турција, бројот на жртви надмина 41.000

-

Уште седум луѓе беа спасени вчера, осум дена по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Надежите за пронаоѓање дополнителни преживеани од, како што Светската здравствена организација (СЗО) ја нарече, најголемата природна катастрофа во последните 100 години, се намалуваат, јавува „Гардијан“.

Од под урнатините во регионот Караманмараш вчера биле извлечени тројца млади момчиња на возраст од 17, 18 и 21 година.

„Гардијан“ објави дека извлечена жива од урнатините на станбениот блок во кој живеела била и 35 годишна жена од јужната турска провинција Хатај, и тоа 205 часа по земјотресот.

Инаку, бројот на потврдени смртни случаи во Турција како резултат на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтер и силните последователни потреси надмина 35.000, објави ТРТ повикувајќи се на изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ова го прави земјотресот најсмртоносната катастрофа од основањето на републиката пред 100 години, пишува ТРТ.

Потврдените 35.418 смртни случаи веќе ги надминаа жртвите од големиот земјотрес што го погоди Ерзинчан во 1939 година, кога загинале околу 33.000 луѓе.

Ердоган изјави дека над 105.000 лица биле повредени како резултат на земјотресот што се случи на 6 февруари.

Тој повика на спроведување построги градежни правила, поради извештаите дека прекршувањето на прописите довело до уривање на многу згради во регионот погоден од земјотресот.

Дел од спасувачките тимови ги прекинуваат операциите бидејќи температурите под нулата ги намалуваат и онака малите шанси за преживување. Шефот за помош на Обединетите нации (ОН), Мартин Грифитс, рече дека фазата на спасување се приближува кон крајот, а фокусот е свртен кон засолниште и храна за настраданото население, пренесе „Гардијан“.

Во Сирија, пак, бројот на загинати достигна 5.814, според најновите податоци на ОН и Сириската арапска новинска агенција. Со тоа, вкупниот број на загинати од двете земји достигна над 41.000.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...