fbpx

Два камионa со хуманитарна помош од Црвениот крст тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите

-

Два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња собрани од Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник се случија во Турција и Сирија. Исто така, како хуманитарна помош, како што извести генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, до денеска се собрани вкупно 25.120.773 денари.

Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, кој заедно со Саити присуствуваше на прес конференцијат,а информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

„Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња“, рече Саити.

Тој додаде дека ова е првичната хуманитарна помош и изрази надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош. Тој апелираше да не се даруваат неупотребливи парчиња облека и други работи.

„Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат продукти (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно стандардите за хуманитарна работа кои ние ги нарекуваме минимум стандарди, затоа што останатото го видовте овие денови – сведоци бевте на многу иницијативи, но за жал квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати“, рече Саити.

Амбасадорот Секизкок истакна дека во координација со Амбасадата на Турција овде во Скопје, преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со нашите браќа и пријатели од оваа земја, досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

„Изразувам во оваа прилика благодарност до Северна Македонија, која стои рамо до рамо со Турција за надминување на овие тешки денови“, рече Секизкок.

На прашањето во однос на хуманоста на земјава во оваа ситуација, турскиот амбасадор одговори дека помеѓу Северна Македонија и Турција постојат длабоко вкоренети историски и меѓучовечки односи, кои уште еднаш се потврдуваат со денешниот настан.

„Би сакал да истакнам дека оваа моќна солидарност и признателност искажана во овие тешки денови секогаш турскиот народ со благодарност ќе се сеќава на оваа солидарност и признателност“, рече тој.

Во врска со финансиската помош, изјави дека заклучно со минатиот петок во Турција е трансферирана сума од близу милион евра, но рече дека се води кампања во широки размери и за материјална и за финансиска помош.

„Во оваа насока сведоци сме на финансиската помош која се одлучува во советите на општините, тука се стопанските комори, Лекарската комора и низа други институции и установи од земјата, како и нашите браќа, нашите пријатели од земјава кои како што истакнав во широк размер организираат кампањи за помош на погодените региони “, рече Секизкок.

Тој изрази голема благодарност и до спасувачките екипи не само од земјава, туку и од целиот свет и рече дека нивниот придонес е многу значаен во достигнувањето на ова ниво во спасувачките активности и, како што кажа тие екипи ќе бидат испишани со златни букви во историјата и во срцата на турскиот народ.

Во однос на прашањето дали има потреба од повеќе спасувачки екипи, амбасадорот истакна дека досегашните информации укажуваат дека нема потреба од дополнителни спасувачки екипи.

Секретарот на Црвен крст, Саити, дополнително информираше дека целата денешна организација за логистика е донација од две фирми, Транслог ДОЕЛ Скопје и Интернационал логистик АРТ ДОЕЛ Скопје.

По катастрофалните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, со епицентар во турскиот град Кахраманмараш со јачина од 7,8 и 7,5, бројот на жртвите надмина 36.000.

Во „катастрофата на векот” како што се нарекува во Турција, погодени се 10 провинции, вкличувајќи ги и Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа каде што живееја повеќе од 13 милиони луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...