Нов земјотрес во Турција со јачина од 6,3 степени по Рихтер

-

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција во близина на сириската граница доцна попладнево, предизвикувајќи паника и дополнителна штета две недели по најсилниот земјотрес во модерната историја во земјата, со повеќе десетици илјади жртви, објави Ројтерс.

Според сведочењата на новинарите потресите биле силни и долготрајни, оштетувајќи згради и оставајќи прашина во ноќниот воздух во центарот на градот Антакија, каде што бил епицентарот. Земјотресот бил почувствуван и во Египет и Либан, објави Ројтерс.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека потресот се случил на длабочина од 2 километри.

Полицијата патролирала во Антакија додека амбулантни возила се упатиле кон областа погодена од земјотресот во близина на центарот на градот. Две лица се онесвестиле, а други излегле на улиците околу централниот парк.

Новинарите на Ројтерс забележале турски спасувачки тимови како трчаат пеш по последниот земјотрес за да ги проверат жителите, од кои повеќето живеат во привремени шатори по потресите од пред две недели.

Муна Ал Омар, за Ројтерс изјави дека била во шаторот во паркот во централна Антакија кога се случил земјотресот.

„Мислев дека земјата ќе се расцепи под моите нозе“, рече таа, плачејќи додека го држеше својот 7-годишен син во рацете.

„Дали ќе има уште еден потрес?“, праша таа.

Двата поголеми земјотреси што се случија на 6 февруари, кои ја потресоа и соседна Сирија, оставија повеќе од еден милион луѓе без покрив над главата, а загинаа над 46.000 лица во двете земји.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...