САД лансира дополнителни напади врз Јемен

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен оди повторно во Блискиот Исток, како што бројот на напади на САД во регионот се зголемуваат

-

САД лансираше нови воздушни напади врз Јемен. Беа таргетирани воени цели поврзани со Хути, воената организација која го контролира поголемиот дел од Јемен, пренесуваат Би-би-си и Гардијан.

Овие напади доаѓаат само неколку дена по масовните напади на САД и Обединетото Кралство врз Јемен во саботата. Од Обединетото Кралство тврдат дека нападите биле чин на самоодбрана, со цел спречување на нападите на Хути врз бродовите на меѓународните шпедитерски компании.

Хути изјави дека САД нема да останат „неказнети“ за нападот.

САД продолжуваат со напади и во други земји на Блискиот Исток. Имено, Советникот за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека нападите на САД во Сирија и Ирак, кои беа одговор на бомбардирањето на американска база во Јордан, се „почетокот, а не крајот на нашиот одговор“.

„Нападите се во јасна контрадикција со повторените тврдења на Вашингтон и Лондон дека не сакаат проширување на војната и конфликтот во регионот“, вели портпаролот на Министерство за надворешни работи на Иран.

Инаку, државниот секретар на САД Ентони Блинкен пристигна во Саудиска Арабија, со цел преговарање околу договорот за примирје меѓу Израел и Хамас. Блинкен по петти пат го посетува Блискиот Исток по почетокот на војната во Газа.

Блинкен изјави дека е оптимистички настроен во однос на преговорите. Претставник од Катар изјави дека и Хамас се подготвени да го потпишат, но претставник од Хамас изјави дека сè уште има сериозни препреки во преговорите.

Истовремено, израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир изјави дека не е задоволен со нивото на поддршка кое САД го пружи на Израел.

„Наместо САД да ни даде целосна поддршка, Бајден е презафатен со давањето хуманитарна помош и гориво на Газа, кои завршуваат кај Хамас“, изјави Бен-Гвир.

Во Газа, пак, продолжуваат нападите на Израел. Израелските сили ја проширија својата офанзива во градот Рафах, кој се наоѓа веднаш до границата со Египет. Рафах, кој претходно беше назначен како безбедна зона, е дом на повеќе од половина од 2,5 милиони жители на Газа.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...