Полицаец на полициска контрола за време на полициски час, 10 март 2021. Фото: МВР

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во повеќе градови изврши вкупно 41 надзор и 683 контроли во угостителски објекти. Контролите и надзорите се извршени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените ковид протоколи.

„При тоа, во Тетово на лице место е затворен еден угостителски објект, поради прекршување на протокол, односно организирање на роденска забава. Обејктот е затворен 30 дена и ќе се поведе прекршочна постапка согласно Законот за заштита на наслението од заразни болести. Поединечно по градови, најмногу контроли и надзори се извршени во Скопје вкупно 126 , во Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Струмица и во останатите градови во државата,“ информираат од кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.