Таг: ТикТок

таг: ТикТок

Позитивната страна на социјалните мрежи: Вирално видео му донесе 10.000 долари и нов камион #DreamsChallenge

Убавата страна на социјалните мрежи, која периодов сè гледа се поретко, сепак постои. И покрај сите контроверзи кои ја следат видео-платформата ТикТок, видеата кои корисниците ги објавуваат таму можат многу лесно да станат вирални и да бидат видени од милиони други корисници. Доказ за тоа е видеото на американецот Нејтан Аподака, кое на крајот му донесе десет илјади долари...

Пресврт во преговорите за ТикТок: постигнат договор со „Оракл“

TikTok
Случувањата околу купопрадажбата на ТикТок во Соединетите Американски Држави доведоа до нов пресврт. Компанијата „Мајкрософт“, која важеше за најверојатен наследник на операциите на ТикТок во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, објави дека матичната компанија на видео-платформата, „БајтДенс“, ја одбила нивната понуда за купопродажба. „Бајт Денс денес ни стави до знаење дека американските операции на ТикТок нема да ги продаде...

„ТикТок“ се приклучува кон Кодексот на ЕУ против говор на омраза

Социјалната мрежа „ТикТок“ ќе се приклучи на Кодексот на однесување на Европската унија за борба против говорот на омраза преку Интернет, соопшти Европската комисија. Одлуката „ТикТок“ да се приклучи, покрај „Фејсбук“, „Мајкрософт“, „Твитер“, „Јутјуб“, „Инстаграм“, „ДејлиМоушн“ и „Снепчет“, ја поздрави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс. Потпретседателот на Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Jурова истакна дека ова е позитивен чекор и...

Кевин Мајер си поднесе оставка од функцијата директор на ТикТок

Извршниот директор на ТикТок, Кевин Мајер си поднесе оставка од функцијата на помалку од шест месеци откако дојде на оваа функција. „Во последните неколку недели, како се менуваше политичкото опкружување, направив рефлексија и анализирав за тоа што ќе бараат корпоративните структурни промени и што значи тоа за улогата за која се пријавив. Со тешко срце сакам да ве известам дека...

Владата на САД се соочува со тужби од ТикТок и корисници на WeChat

Тик Ток и WeChat
ТикТок ја тужеше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради извршната наредба која ѝ забранува трансакции со матичната компанија “БајтДенс”. Во соопштението до медиумите, се вели дека „администрацијата ги игнорираше нашите широки напори за решавање на прашањето, кои ги водевме целосно и со добра волја“. Понатаму, од ТикТок велат: „Не ја тужиме владата лесно, но сметаме дека немаме друг...

Полицијата го откри тинејџерот што предизвика пожар кај Мојанци и објави видео на ТикТок од потпалувањето

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство - Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-годишниот малолетник од скопското село Мојанци поради предизвикување на пожарот на нискостеблеста шума и вегетација во близина на селото. Тој на 4 август на социјалната мрежа ТикТок објави видео како го потпалува пожарот. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи,...

ТикТок за првпат им подели 200 милиони долари на своите креатори, најавува фондот да стигне до 1 милијарда

ТикТок
Социјалната мрежа ТикТок го објави првиот бран на приматели на средства од новиот Фонд на креатори, при што беа доделени 200 милиони долари на популарни личности на платформата за нивните содржини. „За создавање на значајна содржина е потребно време и посветеност, а нашите креатори се исто толку страсни кога споделуваат приказни и се поврзуваат со нивната публика, колку што сме...

Трамп издаде наредба за забрана на „TikTok“ и „WeChat“ во САД доколку кинеските компании не ги продадат американските филијали

ТикТок
Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои ќе се забрани социјалната мрежа „TikTok“, како и апликацијата „WeChat“, да работат во САД доколку нивните матични компании, кои се во кинеска сопственост, не ги продадат.  Наредбите би стапиле на сила за 45 дена, односно толку време имаат кинеските компании да ги продадат своите американски удели. Овој потег доаѓа...

ТикТок ќе соработува со властите во САД во борбата против дезинформации за изборите

ТикТок
За да ги зајакне напорите за отстранување на штетните и измамнички содржини од својата платформа, ТикТок најави три нови мерки за борба против дезинформациите и другите содржини кои можат да ги нарушат изборите во САД, а кои е предвидено да се одржат во ноември годинава. Мерките вклучуваат подобрување на политиките за дезинформации, нови опции за пријавување на штетни содржини...

„Мајкрософт“ сака да купи дел од ТикТок, тензиите околу апликацијата растат

ТикТок Кина
Популарната мобилна апликација ТикТок сè уште е во жариштето на политичките тензии помеѓу САД и Кина. Зголемениот притисок и заканата на американските власти дека ќе ја забранат видео-платформата во САД доведоа до нов, необичен тек на случувањата. Компанијата „Мајкрософт“ во неделата објави дека е во разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за купување на дел од ТикТок од кинеската компанија...

Интернет војна: Инстаграм воведува алатка со иста функција како ТикТок

phone
Инстаграм воведува нова алатка во својата апликација која многу потсетува на видео платформата ТикТок. Новата алатка Инстаграм Рилс (Instagram Reels), која се смета за конкуренција на кинеската апликација, се очекува да биде лансирана во повеќе од 50 земји веќе во август. Алатката во моментов се тестира во Бразил, Индија, Франција и Германија. Инстаграм Рилс ќе им овозможи на корисниците да...

Сè повеќе барања за забрана на ТикТок

ТикТок
Повикот за забрана на ТикТок во светски рамки зема сè поголем замав на социјалните мрежи. По обвинувањата дека кинеската платформа ги злоупотребува информациите на корисниците, барањата за преземање акција против ТикТок се зголемија, при што минатиот петок за помалку од 10 часа беа споделени повеќе од 10.000 твитови кои повикуваат на забрана. Хакерската група „Anonymous” тврди дека ТикТок има вградено...

ТикТокерите одговорни за слабата посетеност на митингот на Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја почна својата кампања за претстојните претседателски избори. И покрај реакциите од јавноста дека не е баш добра идеја да се одржи митинг во затворена просторија каде не може да се одржува физичка дистанца, Трамп смета дека тоа не е проблем бидејќи според него вирусот веќе слабеел во неговата држава. Пред настанот кој се одржа...

Популарноста на ТикТок расте и покрај ниските оцени

Просечната оцена на видео платформата ТикТок месецов падна од 4,6 на 1,2 на виртуелната продавница за апликации Play Store. Падот се должи на онлајн битката која започна во Индија пред неколку денови, откако ТикТок креаторот Амир Садики ги обвини јутјуберите дека копираат содржини од кинеската апликација, наводно поради сè поголемиот интерес на брендовите да се рекламираат таму. Познатиот индиски јутјубер...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...