ТикТокерите одговорни за слабата посетеност на митингот на Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја почна својата кампања за претстојните претседателски избори. И покрај реакциите од јавноста дека не е баш добра идеја да се одржи митинг во затворена просторија каде не може да се одржува физичка дистанца, Трамп смета дека тоа не е проблем бидејќи според него вирусот веќе слабеел во неговата држава.

Пред настанот кој се одржа на 20-ти Јуни, Трамп најави дека речиси милион луѓе се регистрирале дека ќе го посетат настанот, што ги натерало да размислуваат да организираат и втор говор за луѓето кои нема да можат да влезат во салата чиј капацитет бил 19.000.

 

Сепак, на денот на настанот сликата била поинаква. Салата воопшто не се наполнила, а имало далеку помалку луѓе од очекуваното. По настанот се открива причината за ниската посетеност. Илјадници Тиктокери и К-поп фанови резервирале карти за настанот без намера да се појават на настанот, како шега на сметка на претседателот.