среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Нова епизода на подкастот „Гајле ми е“: Дали во државава има реални можности за младите?

Во новата епизода на подкастот „Гајле ми е“, Кика Авеиро разговара со Ирина Јаневска од здружението за социјални иновации АРНО. Поводот за нивниот разговор е продолжувањето на повикот за аплицирање за програмата за млади претприемачи на RISE Journey до 4-ти октомври но покрај тоа тие зборуваат за реалноста во државата кога станува збор за невработеноста на младите и дали постојат реални можности за младите да бидат успешни и овде.

Погледнете ја целата епизода на:

„Гајле ми е“ – нов подкаст на Кика Авеиро

Јутуберката и активистка Кика Авеиро го најави незиниот нов подкаст под името „Гајле ми е“. Темата на првата епизода е родовата еднаквост, а за ова Кика зборуваше со Сара Миленковска, политиколог, активист, ко-основач на Stella Network и иницијатор на „Сподели авторка“.

„Со овој подкаст сакам да започнеме муабет за теми за кои треба да ни е гајле, теми за кои треба да зборуваме по дома на каучот, наместо да ги премолчуваме.“ – вели Кика.

Погледнете ја првата епизода:

Јутјуб експериментира со криење на дислајкови на видеата

На 30-ти март на својот официјален профил на Твитер, Јутјуб објавија дека ќе тестираат промени на нивниот лајк/дислајк систем. Овие промени се однесуваат на јавниот приказ на самите бројки, односно криење на бројката на дислајкови. Оваа промена е воведена како фидбек на оние кои креираат на Јутјуб и се често мета на кампањи со цел собирање на дислајкови.

Од Јутјуб велат дека креаторите ќе можат да ги погледнат бројките во Јутјуб Студио, додека гледачите сѐ уште можат да остават лајк или дислајк и да го споделат својот фидбек.

Соопштението можете да го прочитате овде:

Што треба да знаеме за вакцините? (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за најчесто поставуваните прашања поврзани со Ковид-19. „Со цел да дознаам малку повеќе за овие нови варијанти се консултирав со медицинско лице за да ми објасни неколку работи.“ – вели таа.

Погледнете го видеото:

Аватар повторно на врвот на листата на филмови со највисока заработка

На 13 март Аватар повторно стана филм со најголема заработка на сите времиња. Овој филм го држеше рекордот од неговата објава во 2009та година се до 2019 година кога беше надминат од најуспешниот филм од Марвел – “Avengers: Endgame”. Аватар успеа да го врати својот рекорд оваа година откако беше повторно пуштен во киносалите во Кина. Со ова новиот рекорд за најуспешен филм е 2.802 милијарди долари односно 400 милиони долари повеќе од рекордот на Марвел. Овој рекорд можно е повторно да припадне на “Avengers” доколку Марвел реши да го пушти овој филм повторно во киносалите.

На Инстаграм Марвел објавија порака гласејќи: „Честитки до Џејмс Камерон, Џон Ландау и целата нација на На-Ви за превземање на круната“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marvel Studios (@marvelstudios)

Сексуално образование? (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за новостите во образованието меѓу кои е сексуалното образование. „Сексуалното образование се случува, само прашањето е дали ќе се случува под контролирани околности или ќе се случува дома без никој да ги гледа, без никој да знае за тоа?“, вели таа.

Погледнете го видеото:

ТикТок воведува алатки против насилството на нивната платформа

Од социјалната мрежа ТикТок денеска соопштија дека ќе додаваат алатки кои ќе поттикнуваат љубезност на нивната платформа. Овие алатки се воведуваат со цел намалување на негативните коментари кои се напишани на видеата кои таму се објавуваат. Првата опција ќе им овозможи на креаторите рачно да одбираат кои коментари дозволуваат да останат на нивните видеа како и вграден филтер со клучни зборови. Покрај тоа, сите оние кои ќе сакаат да остават потенцијално негативен коментар ќе бидат предупредени дека во нивниот текст има збор којшто е навредлив.

Заедно со оваа новост, од ТикТок соопштија и дека стапуваат во партнерство со Истражувачкиот Центар за Сајбербулинг (Cyberbullying Research Center). „Создавањето на безбедна и позитивна околина која ќе овозможи развој на креативното изразување е нашиот приоритет“, велат од ТикТок.

Соопштението во целост можете да го прочитате овде.

Инстаграм го надополнува “Instagram Live” со “Live Rooms”

На први март на блогот на Инстаграм беше објавено дека додаваат нова функционалност на веќе постоечката опција „Live“. Оваа нова опција се однесува на бројот на луѓе со коишто можат корисниците да разговараат во живо. Досега само двајца можеа да вршат пренос во живо додека со новите „Live Rooms“, а сега бројката се зголемува на четири. Покрај тоа, заедно со оваа опција се воведуваат и уште неколку мали безбедносни мерки.

„Се надеваме дека со удвојувањето на Live ќе отвориме повеќе можности за креативност“, велат од Инстаграм за овие новости.

Соопштението во целост можете да го прочитате овде.

Vaksajns.mk vs Јавна соба (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за Јавна соба и за неодамнешните случки со веб-страницата vaksajns.mk.

„Сопственикот на vaksajns.mk вели: Ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни – и е сосема во право“, вели Авеиро.

Погледнете го видеото:

Виртуелен концерт на Пост МалоУн за 25 години од создавањето на Покемон

На 11 февруари на својот Твитер профил раперот Пост Малоун (Post Malone) објави дека ќе одржи виртуелен концерт во соработка со Покемон по повод 25 години од објавувањето на првата Покемон игра во 1996 година. Концертот ќе се одржи на 27 февруари во 1 часот наутро во нашата временска зона, а може да се погледне на Јутјуб, Твич како и на официјалниот веб-сајт на Покемон.

Покемон инаку е една од најпопуларните франшизи во светот која најпрвин започна со видео игри за Гејм-Бој, а поради огромната популарност беше создадена и анимирана серија како и филм којшто беше објавен во 2019 година наречен Детективот Пикачу.

Инстаграм воведува нови правила против говорот на омраза во приватните пораки

На 10 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека ги ажурираат правилата поврзани со говорот на омраза, особено кон приватните пораки. Оваа новина доаѓа откако неодамна беа упатени расистички коментари онлајн насочени кон фудбалери од Велика Британија.

„Бидејќи приватните пораки се за приватни разговори ние не користиме технологија која проаткивно ќе забележува содржина како говор на омраза меѓутоа можеме да направиме чекори за превенција на ваквиот однос“, велат од Инстаграм.

Со ова ажурирање кога некој ќе ги прекрши правилата за што е дозволено да се испраќа во приватните пораки, на неговиот кориснички профил ќе му биде забрането да испраќа пораки одреден период. Доколку овој корисник континуирано испраќа вакви пораки тогаш ќе му биде оневозможен пристапот до неговиот профил. Исто така, ќе бидат исклучени профилите кои ќе бидат создадени со цел заобиколување на новите правила како и оние профили кои се создадени со цел ширење на говор на омраза. Во врска со спроведувањето на овие правила од Инстаграм велат дека ќе соработуваат со властите од Велика Британија.

Соопштението во целост можете да го прочитате овде.

„Убер“ и „Волгринс“ со соработка за вакцинацијата против ковид-19

На 9 февруари Убер и Волгринс решија да направат партнерство поврзано со транспорт и достава на вакцини против ковид-19, пишува магазинот Форбс.

“Ова партнерство е со цел сите заедници да имаат еднаков пристап кон вакцините. На овој начин на пациентите ќе им биде овозможен бесплатен превоз до клиниките каде се извршуваат вакцинирањата како и олеснување на организацијата на овој процес. Транспортот не треба да биде бариера кон здравствената грижа“, велат од Убер.

Волгринс инаку е еден од најголемите ланци на фармацевтски продавници во Америка со преку 9000 продавници. Од Волгринс за оваа соработка велат дека ќе им помогне на оние кои најтешко ги погодила оваа пандемија. Убер е иновативна компанија за транспорт и достава.

Кјуанон теорија на заговор (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за Кјуанон теориите на заговор. „Она што не го знаев досега е дека во редовите на подржувачите и верувачите во овие теории на заговор има и доста луѓе од нашата држава“ – вели таа.

Во видеото таа дава пример на една ваква теорија на заговор.
Погледнете го видеото:

Инстаграм додава нова опција – „неодамна избришано“

На 2 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека во најновата верзија на нивната апликација ќе биде додадена опцијата „неодамна избришано“. Заедно со оваа опција се додадени заштити против хакери. За пристап до папката каде неодамна избришаните објави се складираат од корисниците ќе биде побарана верификација. Овие две функционалности се превенција на несаканото бришење на објави од страна на потенцијални хакери.

Опцијата „неодамна избришено“ ги опфаќа сите слики, видеа, reels, IGTV видеа и сторија кои автоматски се префрлаат во папката „неодамна избришено“ откако ќе бидат избришани. Оттука корисниците можат да одберат дали сакаат трајно да ги избришат или пак дали сакаат да ги обноват овие објави. Сите објави ќе бидат складирани 30 дена освен сторијата кои ќе бидат складирани 24 часа.

Соопштението во целост можете да го прочитате овде.

The Weekend со спектакуларен настап на овогодинешното „Супер Боул“ шоу во кое Том Брејди се закити со седмата титула

На 7 февруари се одржа овогодишното, 55то по ред, издание на финалето на американскиот фудбал – „Супер Боул“. Во финалето играа Канзас Сити и Тампа Беј, а победникот беше Тампа Беј со резултат од 31-9. На натпреварот имаше околу 25.000 гледачи што е најниска бројка во историјата на овој настан, а тоа се должи на ограничувањата поради пандемијата од ковид-19.

Ова беше рекордна 7 титула за квотербекот на Тампа Беј – 43 годишниот Том Брејди за којашто доби многу честитки.

Како дел од рекламите што се емитуваат на овој настан имаше сегмент од 5 секунди купен од страна на Редит поврзан со случувањата со акциите на „Гејмстоп“.

На шоуто на полувреме настапи The Weeknd со спектакуларен настап движејќи се од трибините до самиот терен. Тука беше вклучен дел налик на карневалска куќа додека на теренот беше придружен од 100тина танцувачи облечени исто како него но со завои на нивната глава. The Weeknd ги испеа своите најголеми хитови меѓу кои беа “Starboy”, “I feel it coming”, “Can’t feel my face” и “Blinding Lights”.

Настапот можете да го погледнете овде:

Онлајн издание на Global Game Jam од 27 до 31 јануари

Овогодинешното издание на Global Game Jam ќе се одржи онлајн од 27 до 31 јануари. На овој настан секоја година се создаваат игри и се одвива на глобално ниво на повеќе различни локации. „Сите сте поканети! Гејм дизајнери, 2Д артисти, програмери и девелопери, саунд дизајнери, 3Д моделери, раскажувачи и писатели, мрчатори, ловци на багови, но и сите кои сакаат да да имаат било каква врска со игри!“ – вели македонската асоцијација за развивање игри (МАГДА) во соопштението.

Ова ќе биде 9то издание на овој настан кај нас.

Настанот можете да го погледнете овде.

📣 BEWARE! Распоредот на случувања!
⚠ ВАЖНО!
👁‍🗨 Не ја пропуштајте презентацијата „UX дизајн на AR апликации“ на Здравко…

Posted by Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА on Monday, January 25, 2021

Твитер со нова пробна опција против дезинформации

На 25 јануари на нивниот блог Твитер соопштија дека воведуваат нова пробна (пилот) опција во борба против дезинформации наречена „Birdwatch“. Оваа опција ќе им овозможи на корисниците на Твитер да идентификуваат информации за кои сметаат дека се дезинформации и да остават забелешка со информативен контекст.

Во соопштенитето од Твитер велат дека сакаат да ја направат оваа опција што е можно потранспарентна со тоа што ќе овозможат сите податоци кои ќе бидат придонесени кон „Birdwatch“ да бидат јавно достапни, како и јавно објавување на кодот и алгоритмите позади оваа опција.

Засега оваа опција ќе биде достапна само за тест корисници од САД, со планови за проширување кон глобалната заедница на Твитер. Соопштението во целост можете да го прочитате овде.

Гугл го редизајнира мобилното пребарување

На 22 јануари на нивниот блог Гугл објавија дека ќе воведуваат промени кај мобилното пребарување. Овие промени се воведени со цел на поедноставување на приказот на информации велат во соопштението.

Во процесот на редизајн клучни биле пет фактори а тие се:

  • Доведување на информациите во преден план со поедноставување на елементите на дизајн притоа акцентирајќи ги информациите;
  • Почитлив текст – користејќи поголеми и позадебелени букви;
  • Создавање на повеќе простор со елиминирање на сенки;
  • Користење на боја за ставање акцент на важните информации односно користење на чиста позадина и искористување на боите како водич за очите на читателот;
  • Потпирање на заоблениот дизај на логото и во други делови од редизајнираниот пребарувач.

Овие промени ќе бидат воведени во наредните неколку денови, а соопштението во целост можете да го прочитате овде.

Што ќе има во вакцините за ковид-19? (Видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за дезинформациите околу вакцините за ковид-19 и прави паралела помеѓу несаканите последици од вакцините и апчиња кои се пијат многу често. Погледнете: