Родителите отсега ќе можат електронски да ги регистрираат новороденчињата

Аплицирањето за услугата ќе биде преку порталот www.uslugi.gov.mk кој овозможува поднесување за барање на овој извод, лесно и без доцнење, рече министерот Алиу

-

Родителите отсега ќе имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да имаат потреба да одат до шалтерите на Управата за водење матични книги.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили денеска ја промовираа новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче.

„Задоволство ми е што денеска сме во Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир, за промовирање на најновата онлајн услуга за граѓаните: електронски упис на новороденчето за издавање извод од матична книга на родените. Аплицирањето на услугата ќе биде преку порталот www.uslugi.gov.mk кој овозможува поднесување за барање на овој извод, лесно и без доцнење”, рече министерот Алиу.

Според него, дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните. Тој посочи дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е- услуги.

„Ние како министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата. До крајот на годината ќе дигитализираме повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал”, рече Алиу.

Руските власти уапсиле 100 лица во рации поврзани со перење пари од сајбер криминал

Руските власти објавија апсење на речиси 100 лица поврзани со платежниот систем „UAPS“ и системот за размена на криптовалути „Криптекс“ во истрагата за перење пари поврзани со сајбер криминал. Главниот...