fbpx

Грковска: Транспарентноста е важна за борба против корупција, но и за притисок на јавноста врз институциите

-

Транспарентоста е важна и основна не само во борбата против корупцијата, туку и поради овозможување на притисокот на јавноста институциите да бидат отчетни. Стратегијата за транспарентност што треба да се надоврзе на претходната, треба да помогне и јавните службеници да сфатат дека администрацијата не постои самата за себе, туку дека е сервис за граѓаните, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на првата јавна расправа за нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023 – 2026)

Нацрт-текстот е резултат на работата на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност составена од претставници на граѓанските организации, медиумски и академски претставници и институции, што е дел од поддршката која Фондација Метаморфозис ја дава во рамки на соработката со кабинетот на вицепремиерката, и преку проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.

Стратегијата е придружена од Акциски план, со период на спроведување во периодот од 2023-2026 година, и е замислена како продолжение на позитивните практики на соработка и активна транспарентност воспоставени со претходната стратегија.

Фото: Фондација Метаморфозис, 11 септември 2023

Отворајќи го настанот, Данче Даниловска-Бајдевска, програмски директор на Фондација Метаморфозис, истакна дека фондацијата веќе две децении работи и на зајакнување на свеста на граѓаните и на нивната подготвеност активно да ја преземат својата улога како контролори на институциите, но и на поголема отчетност на властите. Даниловска-Бајдевска ги повика присутните на јавната расправа со своите согледувања и коментари да дадат придонес за подобрувањето на текстот на нацрт-стратегијата.

Фото: Влада на РСМ

„Од почетокот на годинава работевме на креирање на овој стратешки документ со кабинетот на вицпремиерката, со новинарите, граѓанските организации и академската заедница. Важно е и експертите да ги претстават своите согледувања и препораки, нивните коментари би требало да ја подобрат оваа стратегија, за да се овозможи подобрена комуникација на институциите со граѓаните и за подобрена транспаретност и отчетност“, рече Даниловска-Бајдевска.

Новата стратегија треба да го надмине несработеното од претходната

Вицепремиерката Грковска нагласи дека новата стратегија треба да се надогради на претходната и да донесе подобрувања во оние делови каде досега не се постигнати очекувани резултатите. Проблемите, посочи таа, биле констатирани уште на почетокот на подготовката на текстот на новата стратегија.

„Кога тргнавме со изработката на новата стратегија, појдовна точка ни беше тоа дека мора да се постигне влијание за јавната администрација да прифати дека таа не постои сама за себе, туку мора да биде сервис за граѓаните, коишто ја плаќаат. На почетокот на процесот на изработката, сите се согласивме дека сме далеку од тоа да може да бидеме целосно задоволни. Направивме анализа за претходната стратегија за да видиме што не е целосно реализирано – од субјективни или од објективни причини, за да може новата стратегија да ја направиме комплементарна и да ја постигнеме целта“, нагласи вицепремиерката.

Таа посебно се осврна на отвореноста на податоците.

„Проактивноста и транспаретноста треба да бидат столб на работата на сите институции, во функција на постигнување на целосна дигитална трансформација и треба сите институции да се навикнат да ги имаат на своите веб-страници сите податоци во формат во кој граѓанинот може да им пристапи. Се надевам дека и самите институции ќе го сфатат бенефитот од тоа граѓаните секогаш да може веднаш да ги добијат сите податоци. Со тоа и институциите ќе бидат растоварени од работата да даваат информации од јавен карактер според законот, односно во некои случаи и постојано да одговараат на исти прашања“, нагласи Грковска, посочувајќи дека транспарентноста и отчетноста се уште еден чекор кон целосна демократизација на општеството.

Фото: Влада на РСМ

Адријана Лавчиска, програмска директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, во своето воведно обраќање, надоврзувајќи се на вицепремиерката Грковска, порача дека за ФООМ транспарентноста е не само основен услов за демократија, туку е од витално значење и за економскиот раст.

„Но, одговорноста за тоа не е само кај властите, туку и кај граѓаните и граѓанското опшетство – тие треба да ја држат власта отчетна“, нагласи Лавчиска, поздравувајќи ја отвореноста на кабинетот на Грковска, но и на фондацијата Метаморфозис да работи активно на тој план.

Отвореноста и транспарентноста варираат од институција до институција

Фото: Фондација Метаморфозис, 11 септември 2023

Процесот на изработката на текстот на новата Стратегија за транспарентност заедно со Акцискиот план за нејзино спроведување го презентираа експертките за подготовка на нацрт – Стратегија за транспарентност, Наталија Шикова и Ирена Бојаџиевска.

Шикова посебно внимание посвети на констатираните состојби пред почетокот на процесот на пишување на новата стратегија, нагласувајќи дека се анализирани повеќе извештаи и индекси. Работната група притоа констатирала дека има значителни разлики меѓу институциите што се однесува на нивната отвореност и транспарентност; дека примената на добрите практики за транспарентност најчесто зависи од добрата волја и посветеноста на министрите и другите раководни лица; дека ГО се соочуваат со пречки при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и дека има само декларативно вклучување на ГО во процес на креирање политики.

Изразувајќи надеж дека состојбите значително ќе се подобрат со примената на новата тригодишна стратегија, таа посочи дека во моментов се забележува тренд на намалување на транспарентност кај институциите на извршната власт (воопштени одговори на барања, доцнење во доставувањето одговори, обезбедување делумни информации или, пак, воопшто – неодговарање), како и тоа дека системот за постапување по жалби во ваквите случаи има само минимално влијание врз исходот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...