четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ФООМ | 46 резултати

Барања за информации од јавен карактер: Отсуствува внатрешна процедура за одговор кај институциите

24 декември 2023

Некои институции одговараат навреме, но други го чекаат последниот рок или ги игнорираат барањата за пристап до информации од јавен карактер, и покрај тоа што постојат казни согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер. За да се избегне ваквата рашомонијада, неопходно е секоја институција да воведе внатрешни процедури за постапување по барањата за […]

С.Македонија единствена земја во регионот со Стратегија за транспарентност: Конкретни активности за отворање на институции

11 декември 2023

Северна Македонија е единствената земја во регионот на Западен Балкан која има Стратегија за транспарентност, документ создаден за да ги идентификува слабите точки во областа на транспарентноста и отвореноста на институциите на извршната власт. Досега Владата на РСМ има усвоено две стратегии, со помош на Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата Отворено општество – Македонија, со поддршка […]

Парламентите во регионот не се посветени на стратешко планирање и известување за нивната работа

9 декември 2023

Парламентите во регионот не се посветени на стратешко планирање и известување за нивната работа, што е евидентно преку недостатокот на објавување на годишни работни програми и извештаи. Нашето Собрание пак, не објавува годишен работен план, но објавува годишни работни и детални извештаи. Ова се наодите од истражувањето за Индексот на отвореност на парламентите од балканскиот […]

Дигитализацијата, единствена надеж за подобрување на институционалната транспарентност во извршната власт на РСМ

8 декември 2023

Транспарентноста на институциите во Северна Македонија не е на посакуваното ниво според последните мерења на Индексот на отвореност на мрежата ACTION SEE, иако Владата на нашата земја во споредба со оние од регионот, според последните мерења, е подобро позиционирана. Во пракса, не се прави доволно за поголема институционална транспарентност, бидејќи честопати заложбите од страна на […]

Усвоена Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план 2023-2026 година

7 декември 2023

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, со акциски план 2023-2026 година, предложена од Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Приоритетни области, согласно Стратегијата, се: унапредување на активната транспарентност, унапредување на пристапот до информации од јавен карактер, на фискалната транспарентност на Владата […]

Честата промена на вработените и скептицизмот на граѓаните, пречка за развој на дигитализацијата и транспарентноста во РСМ

5 декември 2023

Создавањето на Одделот за заштита на укажувачите на корупција, дигитализацијата на податоците од јавен интерес, како и задолжителното објавување на буџетите на општините и државните органи, се дел од резултатите од членството на Северна Македонија во иницијативата на Партнерство за отворена власт (ПОВ), иницијатива која вклучува 75 земји од целиот свет. Сепак, амбицијата за дигитализација […]

Некој прикачува, друг не е обучен и не знае: Хаос со објавувањето отворени податоци кај институциите

30 ноември 2023

Истражувачкото новинарство, создавањето на креативни визуелизации и анализи на одредени теми, изработката на ИТ решенија и истражувања од било каков вид денес е извонредно тешко да се создадат без постоењето на отворените податоци. И додека вештачката интелигенција со голема брзина го освојува светот, македонските институции се заглавени во космосот на нередовно објавување податоци во отворен […]

Грковска: Транспарентноста е важна за борба против корупција, но и за притисок на јавноста врз институциите

11 септември 2023

Транспарентоста е важна и основна не само во борбата против корупцијата, туку и поради овозможување на притисокот на јавноста институциите да бидат отчетни. Стратегијата за транспарентност што треба да се надоврзе на претходната, треба да помогне и јавните службеници да сфатат дека администрацијата не постои самата за себе, туку дека е сервис за граѓаните, порача […]

Ширење на новогодишната магија на 4 тркала низ Скопје и подароци за децата од улица

30 декември 2021

Центарот за современи уметности ја реализира „Среќна Нова Година Скопје“ – предновогодишна уметничко креативна акција, за на граѓаните на Скопје да им го долови новогодишниот дух и новогодишната магија како и да ги изненади и израдува ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци. Новогодишно украсената „лада нива“, возејќи низ градот им […]

Прв скопски извиднички одред: Сведочењата за „Есенски бакнежи, прегратки“ се извадени од контекст

2 октомври 2021

Организаторот на настанот „Секс, извидници и рокенрол“, Прв скопски извиднички одред (ПСИО) се огласи со соопштение по наводите во јавноста дека на овој настан имало недолично однесување. Според соопштението на извидниците, официјалното име на настанот било „Есенски бакнежи, прегратки 2021“ и тој се одржувал веќе 12 години, а имал за цел да ги спои основите […]

Онлајн-одбележување на јубилејот 30 години Фондации Отворено општество во Северна Македонија

15 мај 2021

Со онлајн-емитување на краткиот документарен филм „30 години ПОСВЕТЕНИ“, посветен на минатиот труд на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а потоа и со онлајн-дебатата „Пост-КОВИД-19 реалност: Кој е патот до поправедно општество?“, ФООМ на 18 мај, вторник, со почеток во 16 часот, ќе го одржи главниот настан за одбележување на тридеценискиот јубилеј на Фондациите […]

Царовска: Важно е децата да се образуваат во духот на толеранцијата и мултикултурализмот

7 октомври 2020

По повод одбележување на Меѓународниот ден на учителот, денеска се одржа настанот Speech4Teachers што го организираат Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, Мила Царовска која во своето обраќање до присустните ја истакна важноста и улогата на новинарите без разлика […]

ФООМ и Фондацијата „Чекор по чекор“ ќе одржат настан „Улогата на учителот во новата реалност“

5 октомври 2020

На 7 октомври, со почеток во 13 часот, во надворешната сала на Хотелот Александар Палас во Скопје, Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе го организираат настанот Speech4Teachers, по повод одбележување на Меѓународниот ден на учителот. Целта е преку обраќањата на неколку образовни експерти, практичари и креатори на […]

ФООМ ќе обезбеди 148.000 долари локална поддршка за ранливи групи на граѓани за справување со последиците од ковид кризата

29 јули 2020

Со цел да се ублажат социо-економските последици од влијанието на ковид-19 врз ранливите групи, Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди 148.000 долари локална поддршка преку регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од ковид-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените.“ Проектот се спроведува во земјите од Западен Балкан, […]

Граѓанските организации алармираат: Во кризата со Ковид-19 ранливите заедници се заборавени

5 мај 2020

Институциите ненавремено и несоодветно постапуваат при решавањето на проблемите на ранливите и маргинализирани заедници во услови на кризата со Ковид-19, и во голем број случаи не преземаат мерки, алармираат 52 граѓански организации. „Од почетокот на вонредната состојба, граѓанските активисти први излегоа на терен, направија проценка на потребите за здравствена заштита, тековно го следат остварувањето на […]

Фондацијата Отворено општество – Македонија донира 100.000 долари за најзагрозените ромски семејства

2 април 2020

Пакети со храна и средства со хигиена со вкупна вредност од 100.000 долари ќе бидат распределени на најзагрозените ромски семејства во земјава, кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза, соопшти Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), која ја донираше оваа сума. „Во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се […]

Започна медиумската кампања „Ако имаш мислење, гласај!“

9 март 2020

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска започна медиумска кампања која има за цел да ги мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во април 2020 година. „Гласањето е право кое граѓаните имаат шанса да го искористат на избори, но често тие не се сигурни дека тоа ќе направи разлика. Оваа медиумска […]

Тимот на „Отворени образовни ресурси“ го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во Василево

24 ноември 2019

Тимот од Фондацијата „Метаморфозис“ што го спроведува проектот „Отворени образовни ресурси“  го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, струмичко. Таму беше одржана презентација на концептот на ООР и наставниците беа запознаени со користа од ваквите ресурси преку вистински примери каде редовно тие се употребуваат. По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следува […]

Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ следната недела во Скопје

22 ноември 2019

Во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, на 27 и 28 ноември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи 15. Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“. Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа) во кој седум организации од Западниот Балкан и […]

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

24 јуни 2019

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на […]

Страна 1 од 3