понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: отворени податоци | 40 резултати

Граѓанските организации да се вклучат во подготовката на новиот план за отворена власт

7 јули 2023

Во подготовката на новиот Национален акциски план, којшто треба да овозможи поголема отвореност и одговорност на власта, со цел повеќе придобивки за граѓаните, треба активно да се вклучат сите граѓански организации, порача Данче Даниловска-Бајдевска од Фондацијата Метаморфозис. Таа, како координатор на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт, покрај другите претставници на институциите […]

ИНОВАЦИЈА: Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек

17 март 2023

Симеон Маркоски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски од старт-ап организацијата „Startier“ се тројцата млади таленти кои ја изработија апликацијата „Најди Аптека“, преку која граѓаните можат едноставно и брзо да дојдат до информација за цената на лековите и медицинските производи во аптеките, како и за најблиската аптека до нив. Мета.мк разговараше со двајца од тричлениот тим […]

Косово го усвои Националниот акциски план 2023-2025 за Отворено владино партнерство

15 декември 2022

Владата на Косово на вчерашната седница го усвои Националниот акциски план (НАП) за Отворено владино партнерство (ОВП) за периодот 2023-2025 година. Ова го соопшти Кабинетот на премиерот на Косово, за време на дискусијата на граѓанските организации од Западен Балкан, кои учествуваат во проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“, од кој дел […]

Мапирање на аптеки и споредување на цени со новата апликација www.najdiapteka.mk

29 јули 2022

Апликација што нуди мапа на која се лоцираат аптеки и здравствени установи и споделува податоци за нив е победничкото решение од тимот на стартап компанијата „Startier“, којшто победи на третиот хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата Метаморфозис. Во описот за апликацијата „Најди аптека“, која што воедно има и своја веб-верзија, достапна за користење […]

Достапна е веб-апликацијата „Мапирање на училишта“, ја покажува близината до казина и обложувалници

7 јули 2022

Веб-апликацијата – Мапирање на училишта, која беше победничко решение на вториот Хакатон за отворени податоци е достапна за користење. Апликацијата ја изработи стартап тимот Web pillar & Data consulting, информираат од Фондацијата Метаморфозис. „Имајќи ја предвид важноста на транспарентноста и достапноста на информациите, победничкото решение понуди мапирање и регистри според однапред утврдени параметри на сите средни и […]

Калво: Граѓаните на Барселона секоја вечер имаат најнови податоци за цените, загадувањето и за мобилноста на граѓаните

29 мај 2022

Мариа Хесус Калво веќе осма година работи на полето на отворените податоци, за граѓаните на Барселона, Шпанија, да можат да црпат најразлични информации, почнувајќи од ситуацијата со ковид кризата, економијата, вработувањата, загадувањето на воздухот, транспортот, итн. Таа е една од четириесетината луѓе кои работат во доменот на отворени податоци во Градскиот совет на Барселона, а […]

„Отворените податоци бараат отворени умови“, завршна дискусија на Конференцијата за отворени податоци

20 мај 2022

„Со развивање на сајтови за отворени податоци ги поттикнуваме граѓаните да бидат повклучени и поактивни, а само со активни граѓани можеме да градиме подобро општество. Бидејќи не се работи за тоа дали институцијата прави нешто за институцијата туку се работи за граѓаните, како да го направиме градот подобар, дали градот ќе е доволно зелен или […]

Хакатоните се главната врата за чекор кон промоција на иновативните бизнис идеи на младите

20 мај 2022

Иновативните идеи на младите победници на дата хакатоните, организирани од Фондацијата Метаморфозис во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, како и во други иницијативи во регионот, го докажаа својот голем потенцијал на денешната панел дискусија посветена на темата „Што може да се направи со отворени податоци?“, која што се одржа во рамките на […]

Македонските институции стануваат сè повеќе свесни за важноста на отворените податоци

19 мај 2022

Последниве неколку години се забележува голема и динамична промена во насока на зголемување на отвореноста на институциите, а тоа е пропратено и со зголемен интерес на јавноста за одредени теми. Македонските институции и цивилното општество стануваат сè повеќе свесни за важноста од отворање на податоците, но како што повеќе се навлегува во овој процес, така […]

Започна Меѓународната конференција за отворени податоци на Фондацијата Метаморфозис

18 мај 2022

Меѓународната конференција за отворени податоци на тема „Податоците и културата на отвореност“ на Фондацијата Метаморфозис денеска беше отворена во хотелот „Холидеј Ин“ и беа одржани две сесии од тридневната програма на Конференцијата, која што се одржува во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Директорот за развој на Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски на отворањето […]

Утре почнува Меѓународната конференција за отворени податоци на тема „Податоците и културата на отвореност“

17 мај 2022

Во среда, на 18 мај 2022 година, со почеток во 12:00 часот во Скопје, Фондацијата Метаморфозис организира тридневна Меѓународна конференција за отворени податоци на темата „Податоците и културата на отвореност“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Конференцијата ќе придонесе во дефинирање на моменталната состојба на отворените податоци во Западен Балкан со акцент […]

Фондацијата Метаморфозис од 18 до 20 мај ја организира меѓународната Open Data Conference

21 април 2022

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис организира меѓународна конференција Open Data Conference во Скопје, која ќе се одржи од 18-ти до 20-ти мај, 2022 година. Ова издание на конференцијата ќе биде фокусирано на темата „Податоците и културата на отвореност“ и ќе биде составено од панел сесии, тркалезни маси и обуки. Настанот се организира во рамките […]

На третиот Хакатон за отворени податоци победи решение што ги мапира здравствените установи

28 март 2022

На третиот Хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ победи тимот Data Grabbers, со решение што ќе овозможи мапирање на сите фармацевтски продавници и здравствени установи во земјата, како и споредба на цените на производите во различни аптеки. Победничкиот тим доби парична награда од 3.000 евра. Хакатонот за отворени […]

Отворен повик за пријавување на третото издание на Хакатонот за отворени податоци

23 февруари 2022

Фондацијата Метаморфозис ги повикува сите заинтересирани студенти, стартап компании од областа на ИТ и сите ИТ ентузијасти да се пријават за учество на третото издание на Хакатонот за отворени податоци. Хакатонот е четиридневен натпревар на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Негова основна цел е […]

Со прогласување на победниците на хакатонот за отворени податоци, заврши конференцијата е-Општество.мк

3 декември 2021

Дигиталната трансформација треба да има холистички пристап, за поврзување на сите, да биде инклузивна, односно секој да може да ги почувствува придобивките од неа. Но при овој процес фокусот мора да биде на почитувањето на демократските вредности и на човековите права. Исто така, од најголема важност се и кибер-безбедноста и почитувањето на човековите права. Со […]

Е-општество.мк: Напредокот со отворањето на податоците е под очекувањата

30 ноември 2021

Објавувањето на отворени податоци во земјава доживува квалитетен прогрес во однос на почетоците пред осум години, но за жал не може да се каже дека е тоа очекуваното, бараното темпо. Иако бројките се многу повисоки отколку на почетокот, тоа не е сѐ, потенцира д-р Ирена Бојаџиевска. „Позитивни примери има, како „Отворени финансии“ на Министерството за […]

Второ издание на Хакатонот за отворени податоци, во организација на фондацијата Метаморфозис

5 ноември 2021

Фондацијата Метаморфозис во рамките на на 17-то издание на интернационалната конференција „е- Општество.мк“, од 30 ноември до 3 декември ќе го организира вториот онлајн „Хакатон за отворени податоци“ . „Хакатонот за отворени податоци“ е четиридневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел […]

Метаморфозис ги презентираше резултатите за отвореноста на институциите во земјава и регионот

15 октомври 2021

Фондацијата Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, одржа презентација и дискусија на резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење на извршната власт. Настанот се одржа на 14 октомври на платформата Зум, и на него учествуваа бројни претставници од државните институциите, невладиниот сектор и академијата во земјава. Учесниците разменија мислења и […]

Општините затворени за давање информации за нивната работа, дури и оние што ги даваат, ги објавуваат несоодветно

23 септември 2021

Општините во Северна Македонија во текот на 2021 година биле во голема мера затворени во однос на објавувањето информации за нивната работа, и покрај законската обврска да обезбедат пристап до основните информации за нивните надлежности, основни документи за работа и кадровски прашања. Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) исполниле само 12 отсто од индикаторите вклучени во […]

Законот за користење на податоците од јавниот сектор ќе се усогласува со ЕУ Директивата за отворени податоци

27 јули 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор […]

Страна 1 од 2