На третиот Хакатон за отворени податоци победи решение што ги мапира здравствените установи

Фото: Фондација Метаморфозис

На третиот Хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ победи тимот Data Grabbers, со решение што ќе овозможи мапирање на сите фармацевтски продавници и здравствени установи во земјата, како и споредба на цените на производите во различни аптеки.

Победничкиот тим доби парична награда од 3.000 евра.

Хакатонот за отворени податоци се организираше во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество Civic Engagement Project-North Macedonia и се одржа од 24 до 27 март, на него се натпреваруваа 24 учесници распределени во 5 работни тимови.

Во следните неколку месеци, победничкиот тим ќе работи со Фондација Метаморфозис на развивање на софтверското решение.