fbpx

„Отворените податоци бараат отворени умови“, завршна дискусија на Конференцијата за отворени податоци

-

„Со развивање на сајтови за отворени податоци ги поттикнуваме граѓаните да бидат повклучени и поактивни, а само со активни граѓани можеме да градиме подобро општество. Бидејќи не се работи за тоа дали институцијата прави нешто за институцијата туку се работи за граѓаните, како да го направиме градот подобар, дали градот ќе е доволно зелен или многу топол, што се круцијално важни прашања“, нагласи експертката за отворени податоци, Јана Белчева – Андреевска, која е авторка на водичот за креирање на апликации и позитивни примери за отворени податоци, „Тактичко ангажирање на податоци“, чиј дел од содржини беа презентирани на завршната сесија „Отворени градови – успешни приказни и препораки“ на Конференцијата за отворени податоци во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Белчева – Андреевска која е и член на Советот на општина Центар, меѓу другите го посочи и примерот за средувањето на финансиските податоци на Општина Центар. Пред да се креира страницата Мој буџет на веб-сајтот centar.gov.mk, на граѓаните тие им беа претставени во документи коишто се тешко читливи за разлика од сега, кога истите имаат достоен визуелен приказ.

„Податоците кои ги собираме треба да имаат намена и да размислиме што со тие податоци, како преку нив можеме да понудиме подобри услуги на општината.  Засегнатите страни мора да се информирани, треба да им се обратиме за да им помогнеме, со нив да го искомуницираме конкретниот проблем за да можеме од нивен аспект да им помогнеме, а не само од аспект на институции. Стручноста мора да се зголемува, но и да се испитува, а ние како будни граѓани треба да притискаме за податокот да ни биде достапен“, рече Белчева Андреевска која истакна дека доколку продолжи јазот што се случува меѓу институциите и нивната нестручност и она што се случува на пазарот, сите губиме.

Во прирачникот „Тактичко ангажирање на податоци“ покрај успешни примери на локално ниво, наведени се и примери од поширокото опкружување во Европа за различни предизвици и како да се дојде до решение што исто така е опишано во примерот.

Водичот за успешни примери и препораки за работа со отворени податоци од следната недела ќе биде достапен на веб-сајтот на Метаморфозис со превод на македонски и албански јазик.

Другиот говорник на денешната завршна дискусија на тридневната конференција посветена на важноста на отворените податоци беше María Jesús Calvo, раководителка на одделот за статистика и дисеминација на податоци во градот Барселона.

Фото: мета.мк

„Во самиот влез на оваа добро позната кула што нуди прекрасен панорамски поглед постои интерактивен голем екран на кој во реално време се проектираат податоци за сите летови, бродови и број на луѓе во градот што постојано се ажурираат. Дополнително има претставено и мали животинчиња што го привлекува вниманието на посетителите“, посочи експертката Марија за еден од успешните проекти со олеснување на пристапноста кон отворените податоци што веќе активно се спроведуваат во Барселона.

Таа како пример што може да ги заинтересира граѓаните и со тоа да предизвика креирање на поактивно и поотворено општество го посочи и новиот веб-сајт наречен „Ажуриран град“, каде секоја ноќ соодветно и во реално време се ажурираат информации поврзани со мобилноста, туризмот, цените на гас и слично, што во моментов, како што рече таа, е најинтересниот податочен сет за граѓаните.

Како експерт со големо и богато искуство зад себе, таа на присутните им порача никогаш да не ги забораваат најважните точки за креирање на лесно пристапен сајт за отворени податоци; тие да бидат интероперативни, реупотребливи и со лесен пристап и да се запази триаголникот на граѓани, градови и податоци.

„Никогаш не заборавајте дека главното нешто се корисниците што ги користат податоците како прв чекор бидејќи податоци се користат за да се стекне подлабоко знаење. Не срамете се, побарајте јавни податоци, но барајте и приватни податоци, сајтовите ни собираат колачиња што прибираат важни и скапи информации додека јавниот сектор нив ги доделува бесплатно“, заврши María Jesús Calvo.

Во својот говор при дискусијата, кон истото се надоврза и Белчева – Андреевска која исто така истакна дека триаголникот – граѓани, градови, податоци треба да биде жив и така да се одржува.

Филип Стојановски, проектен координатор на фондацијата Метаморфозис за крај им се заблагодари на сите кои присуствуваа и земаа учество на тридневната конференција.

„Верувам дека сите кои присуствуваа добија инспирација за да работат заеднички или индивидуално на овие теми, мислам дека ефектите од еден ваков настан се гледаат во процес што може да трае со години“, рече Стојановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...