Второ издание на Хакатонот за отворени податоци, во организација на фондацијата Метаморфозис

Фондацијата Метаморфозис во рамките на на 17-то издание на интернационалната конференција „е- Општество.мк“, од 30 ноември до 3 декември ќе го организира вториот онлајн „Хакатон за отворени податоци“ .

„Хакатонот за отворени податоци“ е четиридневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап компании од областа на IT. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и сл. Еден тим може да има најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап компанија) може да пријави само 1 тим.

За стартап компанија се смета претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сѐ уште работи на развивање на иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициска фаза.

Победникот на Хакатонот ќе добие 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо верзијата во функционална апликација.

Пријавувањето на тимовите е отворено до 16 часот на 24 ноември, 2021 година, 16:00 часот. Регистрацијата е на следниов линк, а формуларот го пополнува секој член на тимот поединечно.

Вашите прашања може да ги испратите на [email protected]; најдоцна до 24 ноември, 2021 година.