Фото: Општина Прилеп

На еден пункт во Здравствен дом – Прилеп утрово почна вакцинацијата со вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ на граѓаните над 77 години. До 14 часот вакцинирани се сите граѓани по планот, според редоследот по кој резервирале термин преку матичните лекари.

„Пристигнаа 900 дози од вакцината „АстраЗенека“. Процесот на вакцинација почна и се одвива без какви било проблеми. Екипата денеска ќе работи до 16 часот, со динамика утврдена од „Мој термин“. Продолжуваме утре со иста динамика“, вели Кети Смилеска, директор на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

В петок, пак, ќе почне вакцинацијата против „ковид-19“ на жителите на крушевската општина. Како што информираат од Општина Крушево, вакцините се обезбедени.

„Вакцинацијата ќе ја спроведува редовната служба за имунизација при ЈЗУ Здравствен дом-Крушево. Започнуваме од 02.04.2021 (петок), за пациенти над 77 години, со закажување преку апликацијата „Мој термин“, од страна на матичните лекари.“, соопштуваат од Здравствен дом -Крушево.