fbpx

Нуредини: Граѓаните да разговараат за незадоволството од малите хидроелектрани со градоначалниците

-

Како да се решат сè погласните реакции на граѓаните против изградбата на малите хидроцентрали, беше прашан при денешниот престој во Штип, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Граѓаните на Кочани се противат на изградбата на мала хидроцентрала во близина на Браната Гратче и најавија локален референдум.

„Ги слушаме граѓаните, но мораме да ги почитуваме договорите потпишани во минатото. Меѓутоа, градоначалниците треба заедно со граѓаните да ги разгледаат овие прашања и да се прати мислење до нас. Доколку има поинакви мислења, ние да седнеме и да ги разгледаме“, изјави министерот Нуредини.

Во однос на компанијата Пејпар Мил, која по привременото прекинување на активноста по налог на Државниот инспекторат за заштита на животната средина од наредната недела треба да го стартува производството, беше дециден Нуредини.  

„Пејпар Мил ќе почне со работа, само ако ги исполни условите за работа. Немам точна информација, но може да почне само кога ќе ги заврши обрвските“, одговори министерот.

Во однос на истекувањето на црна материја во Дебарското Езеро, која го покоси живиот свет, министерот Нуредини рече дека таму постапува Инспекторатот.

„Бев информиран од граѓаните и веднаш го контактирав Државниот инспекторат. Се подготвува извештај, штом биде завршен, ќе се бара субјектот да ја врати претходната состојба и таму ќе бидат преземени мерки“, рече Нуредини.

Празнењето на Преспанското Езеро и состојбата со Охридското Езеро, според Нуредини е загрижувачко и е алармирано уште од ланската есен. Тој рече дека побарал од премиерот да запре работата на големите хидроцентрали.  

„Секаде во земјата се случува намалување на нивото на водата во езерата – во Охридското, Дебарското, Тиквешкото. Тоа се случи минатата есен, затоа барав заедно со премиерот големите хидроцентрали да престанат со користење на водата. Тоа може да биде еден од проблемите, да видиме дали тие се причини и побаравме УХМР да утврди и да имаат повеќе средства. Императивно е да се знае нивото на нашите води, езера, што е многу важно и сите институции централизирано да работат во собирање на податоците – Министерството за земјоделство, за екологија, УХМР… за да можеме да преземеме акции пред ова да ни се случи“, изјави министерот Нуредини во Штип.

Министерот рече дека на сила е долгорочен план за спас на Преспанското Езеро, со тоа што веќе се спроведува краткорочниот план. Ангажирани се над 20 експерти, кои доброволно се ангажирале во овој проект, но, клучна е трилатералната соработка. Нуредини смета дека е тоа децениски проблем и не може одеднаш да се реши, поради што очекува соработка на сите институции и вклучени држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...