Таг: поставување
таг: поставување
Привршуваат активностите за модуларната болница во Струга
Во соработка со Министерството за здравство, Општата болница во Струга постави модуларен ковид центар.
Велешки „Брако“ и валандовската „Ари и Том“ се фирмите што ги градат модуларните болници во 17 општини низ земјава, со нешто помалку од 3,5 милиони евра, заем од Светска банка.
Според најавите, монтажните болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга треба да бидат готови деновиве, а трошоците...
Штип добива споменик конец како симбол на борбата на текстилните работници
Споменик како симбол на борбата на текстилните работници ќе биде откриен во Штип за време на 4. Текстилијада, која е закажана за средината на октомври. Советот на општина Штип ќе одлучува за иницијативите за поставување на мермерен споменик во чест на текстилните работници, како и за прогласување на 16 октомври за Ден на текстилните работници во Штип.
Делото „Магичен конец“...
Апарати за брзи тестови ќе се постават во 16 монтажни ковид центри низ државата
Машини – апарати за тестирање, кои за неколку часови ќе можат да дадат резултати за присуство на корона вирусот, ќе бидат инсталирани во монтажните болници, 16 на број, кои Министерството за здравство ги подготвува за во септември, кога се очекува втор бран на епидемијата.
Ова денеска во Штип го најави државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, кој...
Град Скопје почна со поставување на изборните паноа на 54 локации
Град Скопје денеска соопшти дека почнало со поставување на паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.
Поставувањето на паноата произлегува од законската обврска и одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје.
Според соопштението, пaноата ќе се поставуваат на вкупно 54 лоакции во десетте скопски општини. Нјамногу изборни билборди ќе...
Груевски: Владата незаконски назначува кадри, ќе бараме одговорност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при денешната посета на Oпштина Сопиште рече дека Владата или назначува некомпетентни кадри, или тоа го прави незаконски.
- Се разрешуваат некои кадри што треба да ги разреши и назначи Парламентот, а Владата ги разрешува. На пример, ги назначил Парламентот и согласно законот, треба и да ги разреши доколку оцени така. Сега Владата ги разрешувa...
Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид
На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски - Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век - Михајло Пупин.
Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од...
Србија размислува за ограда на границата со Македонија и со Бугарија за заштита од мигранти
Српскиот министер за труд, Александар Вулин, вчера изјави дека е време да му предложи на премиерот Александар Вучиќ, по неговото враќање од Париз, подрастични мерки за заштита на границата со Македонија и со Бугарија од прилив на нови мигранти.
Тој нагласил дека едно од можните решенија е поставување „бариери или одредени препреки“, а причината што ја наведува е структурата на...
МЕПСО и ЕВН апелираат земјоделците да внимаваат како ја поставуваат опремата
Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и особено да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација.
Од компанијата препорачуваат земјоделците да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјоделски површини во трасите на далекуводите, да не се креваат...
Уставниот суд ја одложи расправата за крстот во Бутел
Уставниот суд ја одложи расправата по иницијативата околу уставноста и законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во Општина Бутел и оваа точка ќе се најде на дневен ред на некоја од наредните седници на судот.
Како што дознаваме од Уставниот суд, судијата известител за овој предмет, Владимир Стојановски без конкретно образложени ја повлекол оваа точка од дневниот ред...
Крстот во Бутел на дневен ред на следната седница на Уставниот суд
Уставните судии на следната седница закажанa за 31 мај ќе ја разгледуваат иницијатива околу уставноста и законитоста на одлуката за поставување на крст во Општина Бутел, што ги крена тензиите кон крајот на фавруари и почетокот на март оваа година.
Разгледувањето на оваа иницијатива е 11. точка од дневниот ред на седницата.
„Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста...
Општина Центар ќе истражува кој ги поставил спомениците на албанските дејци
Општина Центар воопшто не е запознаена, ниту пак учествувала во ноќното тајно поставување на трите споменици на албанските дејци, реагираат денеска од општината.
„Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник, далеку од очите на јавноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици, нарачани од претходното раководство на општина Центар“, стои во реакцијата од...
Стигнаа спомениците на албански дејци од проектот „Скопје 2014“
Викендов во центарот на Скопје ќе се поставуваат спомениците на албанските дејци од проектот „Скопје 2014“, кои вчера пристигнале во главниот град.
Споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани, како што јавуваат медиумите, ноќеска по полноќ бил истоварен на тревникот во Паркот „Жена Борец“, спроти Собранието.
Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата...
При поставувањето, оштетен е новиот споменик на Крале Марко во Прилеп
Во Прилеп утрово, на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто, се поставува споменикот на Крале Марко, по повод 3 ноември, денот на ослободувањето на градот.
При поставувањето, оштетен е дел од споменикот, во пределот на ногата од коњот, па работниците што работат на монтирање на споменикот, на самото место се обидуваат да ја санираат штетата со дополнително заварување на оштетениот дел.
Поради габаритот и ергономиијата на споменикот, се...