Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, по повод одбележувањето на Денот на европското обединување – 9 Мај, организира избор на најдобра фотографија на тема: „Мојот омилен културен споменик во Европа“.
Студентите може да учествуваат на овој натпревар со испраќање сопствени фотографии со нивниот омилен културен споменик во Европа. Според критериумите за учество, секој студент може да испрати само една фотографија, која треба да содржи културен споменик и да биде фотографирана во некој европски град. На фотографијата треба да биде и студентот што конкурира, но да не учествувал во натпреварот за најдобра фотографија минатата година.
Фотографиите се доставуваат на е-маил адресата на Европското движење [email protected] најдоцна до 2 мај 2021 година, а во пријавата треба да бидат напишани име и презиме, факултет и меил за контакт.
Фотографиите ќе бидат ставени на Фејсбук страницата на Европското движење во РСМ https://www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK на 3 мај 2021, а гласањето ќе трае до 9 мај 2021.
Најдобрите три фотографии ќе бидат избрани заеднички од вкупниот број лајкови и од гласовите на тричлената комисија. Тие ќе бидат наградени со парични награди од вкупниот награден фонд од 250 евра.